News/Новости
Семинар за
професорите по хемија - На 27.01.2005 год. во
просториите на Институтот за хемија ќе се одржи еднодневен семинар за
професорите од средните училишта.
На семинарот ќе бидат презентирани некои нови мултимедијални технологии за
учење, измени во номенклатурата на органските соединенија,
експериментирање во хемијата, како и други содржини, техники и технологии
на учење опфатени со реформираното гимназиско образование. Во рамките на
семинарот ќе се одржат две работилници, од кои едната ќе се однесува на
експериментирање со едноставни и минијатурни прибори за работа, а другата
на примена на компјутери во наставата по хемија.
На учесниците на семинарот ќе им бидат платени патните трошоци, а ќе се
одржи и заеднички ручек во бифето на ПМФ.
30 години Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија
-
На Институтот за хемија на Природно-математички факултет во Скопје
на 10.12.2004 година (петок), со почеток во 12.30 часот ќе се одржи
свеченост по повод 30 години од излегувањето на првиот број на
Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија. На свеченоста ќе
говорат, претседателот на СХТМ проф. д-р Светомир Хаџи Јорданов, проф. д-р
Трајче Стафилов и акад. д-р Борјан Шоптрајанов.
Хемиска
писменост - Навистина сите знаеме дека
словенската писменост потекнува од овие краеви и сите ние во Македонија
сме горди на тоа. Затоа би требало да водиме сметка за пишаниот и
изговорениот збор.
Да бидеш хемичар не значи дека си најсоодветна личност за да зборуваш
за јазикот и неговата употреба, но кога станува збор за хемиската
писменост тука веќе се менуваат работите. На сликата лево е прикажан
дел од реклама за електроди за
заварување со јаглерод диоксид... само дали местото на индексот беше
горе или долу?
Неколку причини зошто да
студирам хемија (PDF - 400 KB). Брошура која има за цел да ве
запознае со потребните услови и поволности при запишувањето на некоја
од студиските групи (Применета хемија, Аналитичка биохемија и Наставна
хемија), можностите и условите во кои се изведува наставната и научната
активност на Институтот за хемија -една од најпознатите македонска
научна институција во светски рамки. (JPG-верзија, PDF-верзија)
XVIII
Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија (23-25 Септември,
2004) - Организаторот на Конгресот Ве покануваат да земете активно
учество на XVIII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија кој
ќе се одржи од 23 до 25 септември 2004 год. во Охрид.
| Рокови |
|
| Пријавување |
30.01.2004 |
| Второ соопштение |
01.03.2004 |
| Апстракти |
15.05.2004 |
| Финална програма |
15.07.2004 |
ICOSECS 4 - Белград, 18-21 јули, 2004 - 4th
International Conference of the Chemical Societies of the South-East
European Countries on Chemical Sciences in Changing
Times: Visions, Challenges and Solutions
Faculty of Technology and Metallurgy, Belgrade, Serbia and Montenegro,
July 18-21, 2004
Подетални инфорамции за содржините и пријавување може да се најдат на
интернет страната на Српското хемиско друшто.
|