
|
По кредит трансфер системот студираат студентите кои се запишале на студии по хемија на ПМФ во учебната 2005/2006 година и во иднина. За студентите запишани пред 2005/2006 година се применуваат правила за студирање пропишани во Статутот на Природно-математичкиот факултет и според одлуки донесени на Наставно-научниот совет на Факултетот, со кои се регулирани условите за запишување на студиските години. ИЗБРАНИ ЧЛЕНОВИ ОД ЕКТС ПРАВИЛНИКOT
Член 3 Студентот при упис на семестар запишува број на предмети кои носат минимум 21 кредит но не повеќе од 40 кредити во семестар.
Член 5 Студентот запишува наставен/и предмет/и за наредниот семестар, според условите предвидени со шемата со условувачки критериуми
Член 6 Студентот кој не се стекнал со право на потпис за ислушаниот предмет, истиот повторно го запишува во соодветниот семестар (зимски или летен).
Член 7 Студентот има право да запише наставен предмет во нареден семестар, кој е условен со претходен наставен предмет, и ако не добил преодна оценка на завршното оценување, под услов да ја посетувал наставата по условниот предмет од претходниот семестар. |
Created by Metodija Najdoski, Jan 17, 2007