u

 

По кредит трансфер системот студираат студентите кои се запишале на студии по хемија на ПМФ во учебната 2005/2006 година и во иднина.

За студентите запишани пред 2005/2006 година се применуваат правила за студирање пропишани во Статутот на Природно-математичкиот факултет и според одлуки донесени на Наставно-научниот совет на Факултетот, со кои се регулирани условите за запишување на студиските години.

ИЗБРАНИ ЧЛЕНОВИ ОД ЕКТС ПРАВИЛНИКOT

 

Член 3

Студентот при упис на семестар запишува број на предмети кои носат минимум 21 кредит но не повеќе од 40 кредити во семестар.

 

Член 5

Студентот запишува наставен/и предмет/и за наредниот семестар, според условите предвидени со шемата со условувачки критериуми

 

Член 6

Студентот кој не се стекнал со право на потпис за ислушаниот предмет, истиот повторно го запишува во соодветниот семестар (зимски или летен).

 

Член 7

Студентот има право да запише наставен предмет во нареден семестар, кој е условен со претходен наставен предмет, и ако не добил преодна оценка на завршното оценување, под услов да ја посетувал наставата по условниот предмет од претходниот семестар.

 

Created by Metodija Najdoski, Jan 17, 2007