Магистер Ристовска Милица - Асистент

Родена 24 јануари 1970 г. во Штип. Од 1977 г. живее во Скопје, каде што ги завршува основното и средното образование. Во учебната 1987/88 г. се запишала на Природно-математичкиот факултет - група биологија, во Скопје, а студиите ги завршила во 1993 г. со среден успех 9.15. Во учебната 1994/95 г. се запишала на постдипломските студии на ПМФ во Скопје, Институт за биологија, на еколошко-таксономска насока. Од 1995 г. работела како волонтер при Зоолошкиот завод, а од јануари 1996 г. била вработена како стручен соработник на истиот Завод. Во 1998 г. била избрана во звањето помлад асистент, а во 2002 г. го одбранила магистерскиот труд под наслов:Раниот онтогенетски развиток на хондрокраниумот и остеокраниумот кај Salmo letnica Karaman (Teleostei, Salmonidae)” под менторство на д-р Б. Караман. Во 2002 г. била избрана за асистент на Зоолошкиот завод на Институтот за биологија при ПМФ. Од 1996/97 ја изведувала практичната настава по предметите споредбена анатомија за студентите-биолози од наставната насока, типологија на животните II за студентите-биолози од биохемиско-физиолошката насока, морфологија и систематика на рбетните животни за студентите од еколошката насока, а била вклу£ена и во изведувањето на практи£ната настава по биологија со хумана генетика за студентите од Стоматолошкиот факултет. Главно подра£је на нау£ен интерес на м-р Ристовска е од областа на споредбена анатомија, односно истражувањата за раниот онтогенетски развиток на рибите. За оваа цел, таа неколку пати престојувала во лабораторијата за еволутивна морфологија на Vertebrata, на Институтот за биологија при Универзитетот во Гент. За време на овие студиски престои, под раководство на д-р Walter Verraes и д-р Dominique Adriaens, м-р Ристовска ги совладала стандардните анатомски и хистолошки методи кои се користат за истражување на развитокот на £ерепот кај рибите, како и компјутерските техники за тродимензионални реконструкции. Благодарение на ова стекнато искуство, таа за првпат интродуцирала некои техники за проу£ување на развојната скелетна морфологија кај рибите на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје.Стекнатото теоретско и експериментално искуство ñ овозможија да го прошири својот научен интерес и да ги совлада современите техники и нови пристапи на полето на функционалната морфологија. Под менторство на д-р Караман и коменторство на д-р Dominique Adriaens таа е во тек на изработка на својот докторат под наслов: Раниот развиток на кранијалните и посткранијалните структури кај Salmo letnica (Karaman, 1924) (Teleostei: Salmonidae). Конструкциско-морфолошки пристап кон онтогенијата на кранијалниот “Bauplan””. Резултатите добиени од истражувањата на раниот развиток на скелетните структури кај охридската пастрмка се презентирани на повеќе нау£ни собири од државен и мегународен карактер и публикувани во £етири нау£ни трудови(еден во домашно списание, два во мегународни, објавени на website, а еден во странско списание со импакт фактор).