Доктор Златко Левков - Доцент

Роден на 1 август 1972 г. во Скопје каде што ги завршува основното и средното образование. Во учебната 1991/92 се запишува на Институтот за биологија, Природно-математички факултет во Скопје каде што дипломира во 1995 г. Во учебната 1995/96 се запишува на постдипломски студии на Институтот за биологија, насока еколошко-таксономска. Магистерскиот труд Дистрибуција на тешките метали во реката Вардар и нивното влијание врз микрофлората и водните мовови успешно го одбранил во 2001 г. Во 2002 г. ја пријавува својата докторска дисертација под наслов Таксономија и екологија на дијатомејската флора на Преспанското Езеро и изворите Св. Наум која успешно ја одбранил во 2005 г. Во 1996 г. е избран за стручен соработник на Институтот за биологија, Одделение за систематика и филогенија на нижите растенија и биотехнологија. Во 2001 г. е избран за асистент на истото одделение, додека во 2006 г. е избран за доцент на Институтот за биологија, ПМФ во Скопје. Во изминатиот период изведувал практична и теоретска настава по предметите систематика и филогенија на нижите растенија, алогологија и еколошки мониторинг и биоиндикатори. Главно подрачје на истражување на д-р Левков е таксономија и екологија на дијатомеите, додека други подрачја на интерес се екологија на водни екосистеми, примена на дијатомеи и други алги во биомониторинг и биоиндикација, примена на дијатомеи во судка медицина и др. Во изминатиот период д-р Левков има објавени 30 трудови од кои 12 во списанија надвор од Македонија. Седум од нив се објавени во списанија со импакт фактор. Четири се објавени во рецензирани зборници на трудови од интернационални симпозиуми. Во домашни списанија и зборници од симпозиуми и конгреси има објавени 16 трудови. Објавените трудови во 2005 и 2006 г. се цитирани девет пати. Најзначајни трудови на д-р Левков се: : Levkov, Z., Krstic, S., Metzeltin, D and Nakov, T. (2006). Diatoms of Lakes Prespa and Ohrid (Macedonia). Iconographia Diatomologica 16: 603 pp. Levkov Z., Nakov, T & Metzeltin D (2006). New species and combination from genus Sellaphora Mereschkowsky (Bacillariophyceae) from Macedonia. DiatomResearch, 21: 297-312. Levkov, Z. & Williams D.M. (2006). Two new species of Diatoma from Lakes Ohrid and Prespa, Macedonia. Diatom Research, 21: 281-296. Levkov, Z., Krstic, S. & Nakov T. (2006). A new Gyrosigma species from Lakes Prespa and Ohrid, Republic of Macedonia. In: Ognjanova-Rumenova N. & Manoylov K. (eds). Fossil and Recent Phycological Studies. Pensfot, Sofia.139-145. Levkov, Z., Krstic, S., Nakov, T. & Melovski, Lj. (2005). Diatom assemblages on Shara and Nidze Mountains, Macedonia. NovaHedwigia 81 (3-4): 501-538. Покрај тоа д-р Левков учествувал на бројни научни манифестации каде презентирал вкупно 14 трудови од кои 11 на меѓународни симозиуми и конгреси. Од спроведените анализи по докторската дисертација, д-р Левков објавил и една меѓународна моноргафија, прва од ваков вид во Македонија. Многубројните истражувања извршени во Одделението за систематика и филогенија на нижите растенија биле во рамките на 12 проекти од кои три меѓународни и девет домашни. Дел од својата дисертација ја изработил во Goethe University, Frankfurt am Main, Германија.