Магистер Младенов Митко - Асистент

Роден на 17 февруари 1975 г. во Ново Село, Струмица. Основното образование го завршил во 1989 г. во родното Ново Село. Во 1993 г. завршува средно образование во УСО Јане Сандански Струмица, насока природно-математичка гимназија. Високото образование го продолжува на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје каде што во 1999 г. дипломира на биохемиско-физиолошката насока. По дипломирањето на Заводот за физиологија и биохемија 1999 г. е назначен како стручен соработник на Одделението по општа физиологија при истиот завод. Магистрирал на 17.03.2004 на Институтот за биологија при ПМФ Скопје на тема Влијанието на витаминот C врз метаболизмот на глутатионот при акутна хипертермичка експозиција во функција на возраста кај белиот лабораториски стаорец. По магистрирањето е избран во асистент на кое работно место се наоѓа денес. М-р Младенов активно учествува во изведувањето на практичната настава по предметите: општа физиологија, физиологија со анатомија на човекот и имунологија на студиските групи на Институт за биологија; општа физиологија на насоката аналитичка биохемија на Институтот за хемија; физиологија на невроендокрин систем за студенти на групата психологија и физиологија на групата дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје; општа биологија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во моментов м-р Младенов е во фаза на изработка на неговата докторска десертација од областа на електрофизиологијата. Поконкретно м-р Младенов ги студира сигналните вериги на некои ендогени пептиди и хормони на ниво на миоцити. Другите споредни подрачја на научен интерес на м-р Младенов се од областа на хипретермијата, антиоксидантните реакции на организмите, како и студирањето на голем број сигнални молекули. Досега има објавено 9 научни трудови од кои: 4 во списанија надвор од Македонија со импакт фактор (ИФ) (од кои 4 прегледни трудови), 5 во списанија во Македонија (од кои 5 прегледни трудови), 4 во зборници на трудови надвор од Македонија, како и еден презентиран труд на научни мани­фестаци надвор од Македонија. Најзначајни објавени научни трудови: M. Mladenov, V. Mirceski, I. Gjorgoski and B. Jordanoski. Red ox kinetic measurements of glutathione at the mercury electrode by means of square-wave voltammetry. The role of copper, cadmium and zinc ions. Bioelectrochemistry, 65: 69 – 76,(2004). Francüois Quentel; V. Mirceski, M. L’Her, M. Mladenov, F. Scholz, and C. Elleouet. Comparative Study of the Thermodynamics and Kinetics of the Ion Transfer Across the Liquid Liquid Interface by Means of Three-Phase Electrodes. J. Phys. Chem. B:109, 13228-13236, (2005). M. Mladenov, I. Gjorgoski, T. Stafilov, D. Duridanova (2006). Effect of vitamin C on lipid hydroperoxides and carbonyl groups content of rat plasma depending on age and heat exposure. J.Thermal Biol. 31: 588-593 (2006). Вкупен број на цитираност на трудовите во SCI: 5; Scopus: 8. М-р Младенов учествувал во четири научноистражувачки проекти и тоа како член на тимот истражувачи во еден меѓународен и 3 домашни научноистражувачки проекти. Досега има реализирано неколку престои на странски универзитети и научни центри и тоа: во 2004 (1.10 - 30.10). Институт за хемија и биохемија, Ernst Moritz Arndt University Greifswald, Германија; во 2005 г. (1.07 - 30.10) и во текот на 2006 г. на Институт за биофизика, БАН, Софија, Р. Бугарија. М-р Младенов е активен Член на Друштвото на физиолозите на Македонија, на Друштвото на биохемичари на Македонија. Активно ги познава англискиот и францускиот јазик.