Доктор Крстиќ Светислав - Вонреден професор

Д-р Светислав КРСТИЌ, редовен професор, е роден на 7 август 1961 г. во Скопје. Основното и средното образование ги завршил со одличен успех во Скопје. Во учебната 1980/81 г. се запишал на Факултетот за биологија, општа насока, и веќе во следната 1981/82 г. е прогласен за најдобар студент во I г.. По исклучително успешното студирање (среден успех 9,43), во април 1985 г. дипломира на Катедрата за нижи растенија и микробиологија. Во мај 1987 г., д-р Крстиќ е примен како приправник во Заводот за ботаника при Институтот за биологија, веднаш вклучувајќи се во работата на Одделението за систематика на нижите растенија и микробиологија. Магистерскиот труд под наслов: Промените на алгалната микрофлора како индикатор на нивото на полуцијата во Анска Река успешно го одбранил во ноември 1992 г..Во периодот април - септември 1994 г. д-р Крстиќ, како посебен стипендист на Британскиот совет, престојувал во Институтот за пресноводна екологија во Ambleside, Велика Британија, на стручно-научно усовршување на полето на лимнологијата. Докторската дисертација под наслов: Сапробиолошките карактеристики на микрофлората на реката Вардар како индикатор на интензитетот на антропогеното влијание успешно ја брани во 1995 г.. Д-р Крстиќ е избран за доцент во 1996 г., за вонр. професор во 2001 г., а за ред. професор во 2006 г., со вкупен опус од над 50 научни трудови, една монографија и повеќе од 15 спроведени проекти како раководител. Денес тој раководи со лабораторијата за систематика и биотехнологија на алгите при Институтот за биологија преку која воведува нови научни дисциплини во областа на лимнологијата, биомониторингот на слатководните екосистеми и биотехнологијата на сино-зелените алги. Завиден е и неговиот успех во обуката и овозможувањето на модерни услови за работа на младите кадри. Д-р Светислав Крстиќ е редовен член на Интернационалното друштво на дијатомолози, претседател на Македонското биолошко друштво и член на Британското еколошко друштво.