Navigation
 

Доктор Јаниќ Марија - Вонреден професор

Родена на 7 септември 1946 г. во Струмица. Основното и средното образование ги завршила во Струмица. Во учебната 1965/66 г. се запишала на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, група биологија. Студиите ги завр­шила во јуни 1969 г. со среден успех 9,23. Истата година се вработила на определено време во Зоолошкиот завод на Природно-математич­киот факултет во Скопје. Во јуни 1970 г. е избрана за асистент по предметот хистологија и ембри­ологија, а подоцна се наоѓа на должност асистент на два едносеместрални предмета, и тоа цитоло­гија на животни и хис­тологија и ембриологија со анатомија на човекот. Своите постдипломски студии ги започнала во учеб­ната 1973/74 г. во Загреб, насока биологија на клетка, и ги за­вршила во март 1980 г. со успешно одбранета магистерска тема под наслов Цитолошки аспект оогенезе дојран­ске укљеве (Alburnus alburnus macedonicumKar.), изработена во лабораторијата по хистологија и ембриологија на Биолошкиот факултет во Скопје. Со тоа се здобила со академското звање магистер на биолошките науки. Во декември 1985 г. на Ветеринарниот факултет во Белград ја одбранила и својата докторска дисертација под наслов Хистофизи­о­лошко испитивање оогенезе у белвице (Alburnus alburnus macedo­nicum Kar.) и караша (Carassium auratus gibelio Bloch), со што се здоби­ла со академското звање доктор на ветеринарните науки. Во мај 1987 г. е избрана за доцент по предметот биологија за фарма­цевти. Во јули 1992 г. е избрана за вонр. професор. Починала во 1994 г.