Доктор Цветановска Ленка - Вонреден професор

Родена на 29 март 1958 г. во Струмица. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во учебната 1976/77 г. се запишала на Биолошкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1980 г. како најдобар студент во генерацијата со среден успех 9,80. Во текот на учебната 1981/82 г. се запишала на постдипломски студии на Биолошкиот факултет, насока биохемиско-физиолошка. Со одбраната на магистерскиот труд во 1984 г. се здобила со степен магистер на биолошки науки. За помлад асистент на Ботаничкиот завод на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје била избрана на 1.09.1987 г., а во јуни 1990 г. била избрана за асистент и реизбрана во истото звање во 1994 г.. Научниот степен доктор на биолошки науки го стекнала во јуни 1996 г. одбранувајки ја, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, докторската дисертација под наслов "Регенерација на домати(Lycopersicon esculentum Mill.) во услови in vitro и следење на развитокот во надворешни услови". Со наставна дејност д-р Ленка Цветановска започнала уште по изборот за асистент (1987) при Заводот за ботаника со ботаничка градина на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје. Била вклучена во реализацијата на практичната настава по предметите физиологија на растенијата, одбрани поглавја од растителната физиологија и физиологија на развитокот со култура на ткиво. Во 1996 г. е избрана за доцент а во 2001 г. е избрана како вонр. професор по предметите: физиологија на растенијата и дидактика за студентите на двопредметните студии биологија-хемија и доделена настава по предметите биохемија на растенијата и исхрана и метаболизам на растенијата за биохемиско-физиолошката насока, анимална и растителна биохемија за еколошката насока и дидактика за наставната насока на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 2006 г. д-р Цветановска е избрана за ред. професор по горенаведените предмети на Институтот за билогија при ПМФ во Скопје. Во изминатиот период, д-р Ленка Цветановска била ментор на повеќе од 30 дипломски работи како и член на комисии на магистерски и докторски дисертации. Во периодот од 2004 до 2005 г. била член во Организацискиот одбор на Годишниот зборник при Институтот за биологија. Била рецензент и на поголем број на учебници по биологија за основното и средното образование, Претседател на Комисијата за спроведување на државната матура при Бирото за оценување на Р. Македонија. Автор е на поголем број интерни скрипти за студентите по предмети за кои беше избрана. Во изминатиот период успешно раководеше и како шеф на Институтот за биологија и двапати раководител на двопредметните студии биологија-хемија. Главната долгогодишна проблематика на која работела и работи д-р Ленка Цветановска е проучувањето на физиологијата и биохемијата на растителниот организам во услови на контаминација со посебен осврт на интоксикацијата со тешки метали, кои се тренд во истражувањата и во многу светски познати лаборатории. Д-р Ленка Цветановска учествувала во реализацијата на повеќе научноистражувачки проекти (како раководител на 1 проект и како координатор-соработник во 4 проекти). Д-р Ленка Цветановска има објавено 75 научни трудови (од кои 16 се објавени надвор од Македонија) и 42 соопштенија презентирани во земјата и странство. Најзначајни печатени научни трудови на д-р Цветановска: Kratovalieva, S., Cvetanovska, L. 2001. Investigations of biology of the flowering at species by genus Bromus L. Phytologia Balcanica. 7 (2). 215-221; Cvetanovska, L., Kratovalieva, S., Girazova, E. 2004. Phytotoxic effect at white clover (Triffolium repens L.) I Symposium of ecologists of Republic of Montenegro (with international participation). Natura Montenegrina 3: 167-170; Cvetanovska, L., Kratovalieva, S. 2004. Influence of zinc of growth and development of white clover (Triffolium repens L.). I Symposium of ecologists of Republic of Montenegro (with international participation). Tivat, october, 2004. Natura Montenegrina 3: 167-170; Cvetanovska, L., Kratovalieva, S., Dimov, Z., Petrenovich, T. 2006. Effect of inoculation on physiological active  matters of clovers. 41st Croatian and 1st International Symposium on Agriculture. Proceedings. p: 119-120; Kratovalieva, S., Cvetanovska, L., Dimov, Z., Petrenovich, T. 2006. Chemical composition and nutritive value of grass-legume mixture. 41st Croatian and 1st International Symposium on Agriculture. Proceedings. p: 425-426.