Д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска - Вонреден професор

Родена на 21 јануари 1962 г. во Скопје, каде што ги завршила основното и гимназиското образование. На Биолошкиот факултет во Скопје се запишала во учеб­ната 1980/81 г., а дипломирала на 24.1.1985 г. со среден успех 9,38. За учебната 1982/83 г. била наградена како најдобар студент на Биолошкиот факултет. Во учебната 1985/86 г. се запишала во Центарот за постдипломски студии на Природословно-математичкиот факултет на Свеучилиштето во Загреб, насока биомедицина, а во 1992 г., го одбранила магистерски труд под наслов:“U~inak hipertermi~ke sredine i tireoidnih hormona na sadr`aj jetrenjeg glikogena u {takora”. Докторската дисертација под наслов "Влијание на високата надворешна температура врз активноста на некои клучни ензими од јаглехидратниот метаболизам кај стаорец", ја одбранила во 1998 г., при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Во 1985 г. е примена како приправник, во 1986 г., е избрана за помлад асистент, а 1993 г. е избрана за асистент на Заводот за физиологија и биохемија на Институтот за биологија. За доцент е избрана во 1999 г, а за вонр. професор е избрана 2003 г. на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет. Активно учествуваше во основањето и развивањето на дел од научната лабораторијапри Заводот за физиологија и биохемија со воведување на нови методи во прилог на истражувања од областа на контролата на јаглехидратниот метаболизам во разни ткива и органи. Ментор е на три магистерски и две специјалистички работи од областа на екофизиологијата, ензимологијата и биохемијата. Била и член на комисија за рецензија за подобност и за одбрана на две магистерски и на два специјалистички трудови. Во изминатиот период учествувала во изработката и била ментор на 15 дипломски работи. Учествувала во подготовката и изведувањето на практичната настава по предметите: споредбена физиологија, физиологија на трудот и анимална екофизиологија. Д-р Диневска-Ќовкаровска изведуваше наставата по предметите: физилогија на трудот, анимална физиологија и екофизиологија, клиничка биохемија. Подготвила и реализира нови програми за предметите: општа и анимална физиологија, еколошка физиологија на животните, ензимологија и екотоксикологија во рамките на студиската програма за биохемиско-физиолошката и еколошката насока и изведува настава по истите. Активно е вклучена во изведувањето настава на постдипломските и специјалистичките студии при Институтот за биологија. Била ангажирана и како водител на студентските истражувања од областа на применетата физиологија и екотоксикологијата во рамките на ИДСБ. Диневска-Ќовкаровска била автор на две емисии во образовната програма на Македонската телевизија наменети за основното и средното образование. Подрачје на научен интерес е изучување на адаптивните механизми, преку следење на метаболичките и ендокрини промени кај хомеотермниот организам изложен на висока надворешна температура во функција на полот и метаболичката состојба на организмот. Научен интерес во рамките на проектни активности се и екотоксиколошките истражувања кај животни кои се мошне значајни од аспект на добивање на првични резултати особено за дистрибуцијата на некои тешки метали во различни ткива и органи. Како резултат на учество во истражувањата во рамките на проектите д-р Диневска-Ќовкаровска има објавено 38 научни трудови (24 во домашни списанија, 14 во интернационални списанија) и 52 соопштенија на разни научни собири во земјата (15) и во странство (37). Како коавтор, објавени се 3 скрипти, 4 практикуми и еден учебник за средно образование. Ангажирана била како секретар на уредувачкиот одбор на Годишниот зборник што го издава Институтот за биологија при ПМФ. Досега научноистражувачката активност ја реализирала и реализира како раководител на 2 завршени и еден тековен и како учесник во 2 завршени проекти. Во 1993 г. престојувала на Заводот за хемија и биохемија и Заводот за патофизи­о­ло­гија при Ветеринарниот факултет на Свеучилиштето во Загреб; во 1999 година на Биолошкиот факултет во Софија и 2005 година на Институтот за биолошки истражувања во Белград. Позначајни објавени трудови се: Dinevska-Kjovkarovska, S., Mitev, S. (2001): Activity of hepatic glycogen phosphorylase and glucose-6-phosphatase in fasted rats during acclimation to high environment temperature. Periodicum Biologorum. 103, 1, 29-34. S. Mitev, S. Dinevska-Kjovkarovska and B. Miova (2005): The effect of acclimation to high environmental temperature on the activity of hepatic glycogen phosphorylase (a+b and a), liver glycogen content and blood glucose level. J.Ther. Biol., 30, 563-568; S. Dinevska-Kjovkarovska, S. Mitev, B. Miova (2005): Liver fructose-1,6-bisphosphatase, PEPCK and PK activity in fasted rats during acclimation to high environmental temperature. Iugoslav. Physiol. et Pharmacol. Acta, 41, 3, 101-112. Д-р Диневска-Ќовкаровска била раководител на Заводот за физиологија и биохемија, во тек на два мандата е раководител на постдипломските студии на Институтот за биологија и моментно ја обавува функцијата на шеф на Институтот за биологија. Членува во FEBS и три националните асоцијации: Дру­штво на био­лозите на Р. Македонија, Дру­штво на меди­цин­ски­те биохемичари и Друштво на фи­зио­ло­зите и антрополозите на Р. Маке­­до­нија.