Navigation
 

Доктор Ѓошиќ-Марковска Божидарка - Вонреден професор

Родена на 10 август 1947 г. во Пирот, СР Југославија. Основното и средното образование ги завршила во Скопје. Во 1970 г. ди­пло­­ми­рала на Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје, група био­логија. Како приправник на Зоолошкиот завод на Инсти­тутот за био­логија е примена во 1972 г., и истата година е из­брана за асистент во Заводот за физиологија и био­хе­­ми­ја при истиот Институт. Магистерската работа Прилог кон познавањето на хе­мис­ката хетерогеност на хуманиот фетален хемоглобин, под ментор­ство на акад. Ѓорѓи Ефремов, ја одбранила во 1982 г. во Загреб. Во рамките на про­фе­сиона­лни­те задолжувања во Заводот, како асистент ги водела практикумите по био­хе­­­мија, одбра­ни поглавја од биохемијата и клиничката биохе­мија. Докторската дисертација под наслов Прилог кон биохемиско-физиоло­шко­то проучување на стрес-состој­би­те кај белиот лаборато­ри­ски стаорец ја израбо­ти­­­ла и ја одбранила на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, под менторство на д-р Ристо Коца­рев, во 1994 г. За доцент е избрана во 1995 г., за вонр. професор во 2000 г. по група предмети по општа био­хемија (за студии по биологија-наставна насока), биохемија 1, биохемија 2 и клиничка биохемија (за сту­дии на биохемиско-физиолошка насока), биохемија (за двопредметните сту­дии биологија-хемија), анимална и растителна биохемија, (за студии на еколошка насока), (за студии по биологија-биохемиско еко­ло­шка насока) на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје. Д-р Ѓошиќ-Марковска е избрана во звањето ред. професор во 2005 г. Од 2000 г. е член во Комисијата за номенклатура и терминологија при Здру­же­нието на медици­нски­те биохемичари на Македонија. Автор е на две интерни скрипти по предметите биохемија 2 и анимална биохемија. Во текот на својата ра­бота била рецензент на повеќе учебници и практикуми од своја­та област. При факултетот била член во Комисија за вработување, Комисија за студентски мо­лби, Ко­мисија за прием на нови студенти и др. Во два мандати е член на редакци­скиот одбор на Зборникот на Институтот за биологија. Во два манда­ти била раководител на За­водот за физиологија и биохемија (1998-2000; 2005-2006), а од 2001-2003 г., би­ла шеф на Институтот за биологија и в.д. шеф на Институтот за биологија во 2006 г. Едно од значајните подрачја на истражување на д-р Ѓошиќ-Марковска е изучу­ва­­њето на биохемијата на стресот под влијание на различни стресогени фактори, при­тоа изучувајќи ја улогата на хипоталамо-хипофизно-надбубрежната оска, преку пого­лем број на индиректни индикатори. Активно е вклучена во научноистражувачката дејност на Инсти­ту­тот за био­ло­­­гија и раководител е во два национални проекти и 1 меѓу­на­ро­ден, би­ла­­­­­те­ра­лен научноистражувачки про­е­кт.Kако резултат на својата научноистра­­жу­вачка дејност има презентирано и објавено повеќе научни трудови од областа на биохемијата и физиологијата како во земјата, така и во странство. Коавтор е на уче­­бни­кот по Биологија за III г. гимназиско образование. Се јавува како автор и коавтор на научни трудови од областа на био­хемијатаобја­вени во домашни и странски научни списанија (25 научни и стручни трудови). Со по­ве­ќе од 30 презентациисо резултатите од своите истражу­ва­­ња уче­ствува на неколку ме­ѓу­народни симпозиуми и научни собири.Од својата научна област ментор е на 2 до­кто­рати, 5 магистерски и 3 специјалистички трудови, и член во комисии за јавни одбрани на повеќе магистерски и докторски тези. Членува во три стру­ч­ни, национални асоцијации: Дру­штво на био­лозите на Р. Македонија, Дру­штво на меди­цин­ски­те биохемичари и Друштвото на фи­зио­ло­зите на Р. Маке­­до­нија. Позначајни научни трудови во последниве години: Dimitrova-Shumkovska, J., Djoshic-Markovska, B., Roganovic, D. and Anastasovska, V. (2006): Effects of different dietary fatty acids supplements upon lipoprotein metabolism and lipid peroxides production in hyperlipidemic rats. Contributions, Sec. Biol.Med. Sci. , MASA, XXVII/1, p.67-87; Anastasovska, V., Djoshic-Markovska, B., Stojkovski, V., Dimitrova-Shumkovska, J. (2004): Erythrocyte glucose-6-phosphate dehydrogena­se activity in laboratory rats treated with Amoxiclav, Lidaprim and 1-chloro-2, 4- dini­tro­­­be­nze­ne. Contributions, Sec. Biol.Med. Sci., MASA, XXVI/1, p. 121-131; В. Анастасовска, Б. Ѓошиќ Марковска, О. Муратовска, (2004): Квантитативно одредување на активноста на еритроцитната глукоза-6-фосфат дехидрогеназа кај деца со феродефицитна анемија, Мак. медицински преглед, 1/2, 58;Dimitrova-Shumkovska, J and Djoshic-Markovska, B. (2002-2003): Nitric oxide flux and lipid peroxides production in liver of rats exposed to oral administration of L-arginine. G.Zb.Biol. 55-56, p.168-182, Skopje, Republic of Macedonia; Dimitrova­-Shumkovska, J., Djoshic-Markovska, B., Roganovic-Zafirova, D., Belico­vska, K. (2002): The impact of athe­ro­genic diet upon lipoprotein metabolism and cho­l­e­sterol esterification in rat liver. Year­book of the Faculty of Agriculture, vol.47, p.125-148, Skopje, R. of Macedonia.