Доктор Смилков Стое - Доцент

Роден на 21 февруари 1963 г. во Босилеград. Основното и гимназиското образование ги има завршено во Скопје, а по отслужувањето на воената обврска, во учебната 1982-83 г. се запишал на ПМФ во Скопје, група биологија на која паралелно ги полагал испитите од двете насоки (наставна и биохемиско -физиолошката). Дипломирал на наставната насока со среден успех 9,44. Во текот на студирањето активно бил вклучен во Биолошката секција и учествувал во Младинско-истражувачките акции. Во текот на студирањето земал стипендија за талентирани студенти, а понатака со запишување на постдипломските студии на Свеучилиштето во Загреб, на ПМФ , група биологија на молекуларна билогија продолжува стипендирањето, сè до вработувањето во Зоолошкиот завод на Биолошкиот институт при ПМФ-Скопје. Во 1988 г. се запишал на постдипломските студии на Свеучилиштето во Загреб, на ПМФ, група биологија на молекуларна билогија, а поради вработувањето ја сменил насоката и продолжил на насоката за екологија на водите. Во 1990 г. се вработува како помлад асистент во Зоолошкиот завод при Институтот за биологија. Учествува во неколку проекти од областа на хидробиологијата, како и раководител на еден проект, финансиран од Американската агенција за мегународен развој (УСАИД). Во јуни 1996 г. го брани магистерскиот труд под менторство на д-р Ангеловски под наслов: Квалитативен и квантитативен состав на макрозообентосот на акумумулационото езеро Матка и долниот тек на реката Треска. Во 1999 г. ја одбранил докторската дисертација под менторство на д-р Шапкарев под наслов Таксономско-еколошки истражувања на хирономидната фауна (Diptera: Chironomidae) од Охридското Езеро и неговите крајбрежни води. По одбраната беше избран во наставното звање доцент по предметите инвертебрата (наставен насока), типологија на животни (биохемиско-физиолошки насока), систематика на животни (двопредметен студиум: биологија-хемија) и органска еволуција (наставна насока и биохемиско физиолошка насока). По големиот број на објавени научни трудови самостојно и во коавторство избран е во звањето вонр. професор 2005 г. Позабележливи трудови во изминатиот период се: Смиљков, С. и Шапкарев, Ј.(1998): Таксономски истражувања на хирономидната ларвена фауна (Diptera:Chironomidae) во водите од низинскиот предел на Охридската Котлина, Г.зб.,Биол.-Прир.-мат. фак. Скопје,Том 51, 44-49. Smiljkov, S. (2001):Ecology and dynamics of chironomidae fauna larva (Diptera: Chirnomidae) from Ohrid Lake,Contributions, Sec.Biol. Med. Sci.,MASA, XXII 1-2, 47-56; Смиљков, С., Тасевска, О. (2002): Ротиферната фауна од северозападниот литорален појас на Охридското Езеро, Прилози, Одд. Биол. мед. науки, МАНУ,XXIII, 1-2, 79-90; Smiljkov, S., Slavevska, V. (2004): Seasonal biocenological investigations of the Mantovo reservoir and the mouth of river Kriva Lakavica, I Symposium of ecologists of the republic of Montenegro; Smiljkov, S.,Trajanovski, S. & Budjakovska, B.(2005):Biocenotic compositition of the macrozoobenthos on different habitates from the littoral region of lake Ohrid, Contributions, Sec. Biol. Med. Sci., MASA,XXVI 2,p.143-155.