Доктор Тавчиовска-Василева Ирена - Доцент

Родена 16 февруари 1961 г. во Скопје. Основното образование и средното образование ги завршила во Скопје. Биолошкиот факултет, Универзитет: Св. Кирил и МетодијвоСкопје го завршила во 1984 г. Во 1992 г. на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ја одбранила својата магистерската работа под наслов: Хистолошка структура на семеникот кај дојранската перкија (Perca fluviatilis macedonica Kar.) во периодот по мрестењето. Во 2000 г. на Институт за биологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет Св. Кирил и МетодијвоСкопје, ја одбранила својата докторска дисертација под наслов: Компаративни структурни и ултраструктурни карактеристики на семениците кај Salmonidae (Pisces: Teleostei) од Охридското Езеро во постмрестителниот период. Во 1993 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје, а во 1996 г. за асистент на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје. Во 2000 г. е избрана за доцент, а во 2005 г. за вонр. професор на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје. Од 2000 г. држи настава по предметите: општа зоологија и основи на органската еволуција (за двопредметните студии, Биологија- хемија) и општа Биологија I и општа Биологија II (Институт за хемија, насока Аналитичка биохемија. Нејзината научна област е сперматогенеза кај Salmonidae од Охридското Езеро. Во тек на изминатиот период од нејзиното вработување има учествувано на научни собири со 22 соопштенија и тоа во Македонија со 19, а надвор од Македонија со 3, а досега има објавено 22 научни трудови тоа 14 во Македонија и 8 надвор од Македонија. Од изборот за доцент има напишано 3 интерни скрипти како универзитетски учебни помагала за студентите на кои држи настава. Била ментор и член во одбрана на поголем број дипломски работи. Исто така била и член на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Институтот за биологија при ПМФ како член на 3 домашни научноистражувачки проекти. Во 1998 г. еден месец престојувала на докторски студии во лабораторијата за Електронска микроскопија на Институтот за експериментална морфологија и антропологија при Бугарската академија на науките во Софија, Бугарија. Член е на Биолошкото и Еколошкото друштво на Р. Македонија.