Доктор Јорданова Маја - Доцент

Родена на 3 септември 1964 г. во Скопје, каде што ги завршила основното и средното образование. Во учебната 1983/84 г. се запишала на студии на Природно-математички факултет, група биологија, а дипломирала во 1989 г.. Во учебната 1992/93 се запишала на постдипломски студии на Институтот за биологија, биохемиско-физиолошка насока, а во 1998 г. го одбранила магистерскиот труд: Хистохемиски и морфометриски испитувања на црниот дроб кај стаорци во тек на аклимација на хипертермичка средина под менторство на д-р Нада Митева. Докторската дисертација под наслов Црн дроб кај Salmo letnica, Kar. (Teleostei, Salmonidae) во тек на репродуктивниот циклус. Микроскопска студија на женски единки од природна популација во Охридското езеро, ја одбранила во 2004 г. Дисертацијата е изработена под менторство на д-р Нада Митева и д-р Едуардо Роча од Институтот за биомедицински науки (ICBAS) Абел Салазар на Универзитетот во Порто, Португалија како коментор. Дел од истражувањата кои се однесуваат на црниот дроб кај охридската пастрмка се реализирани во соработка со истражувачкиот тип од лабораторијата за хистологија и ембриологија при Институтот за биомедицински науки Абел Салазар на Универзитетот во Порто, Португалија каде што д-р Јорданова престојувала во текот на 2003 и 2006 г. Од 1991 г. д-р Јорданова е вработена во Зоолошкиот завод на Институтот за биологија при ПМФ; прво како стручен соработник, потоа како помлад асистент и асистент. Притоа беше вклучена во изведувањето на практичната настава од повеќе предмети: биологија со хумана генетика и радијациона биологија за студентите од Медицинскиот факултет, типологија на животните II, споредбена анатомија, хистологија и ембриологија на животните за студентите биолози и општа зоологија за студентите од двопредметната настава по биологија-хемија. Долгогодишното искуство во однос на практичната настава по биологија со хумана генетика резултираше и со објавување на практикум во коавторство со д-р Н. Митева. По одбраната на докторската дисертација во 2005 г. д-р Јорданова е избрана во звањето доцент при Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметите: општа зоологија и органска еволуција (за студентите на еколошката насока) и основи на анатомија на човекот (за студентите од биохемиско-физиолошката и наставната насока). Во изминатиот период д-р Јорданова е воведувана во принципите и методите на хистолошките истражувања и тоа во совладување на базичните вештини на микроскопската анализа, како и во владеењето со стандардните хистолошки лабораториски техники. Научниот интерес на д-р Јорданова е насочен во областа на хепатологијата. Во почетокот на својата научноистражувачка работа беше главно преокупирана со испитување и следење на хистолошките промени во црниот дроб и некои ендокрини жлезди кај белиот лабораториски стаорец во услови на аклимација на висока температура во рамките на два научноистражувачки проекти. Стекнатото теориско и експериментално искуство во наведените истражувања ñ овозможи да го прошири својот интерес за микроанатомијата на црниот дроб и кај други 'рбетници и да се насочи кон хистолошки и морфометриски студии на хепаталното ткиво кај повеќе претставници на коскените риби. Во рамките на овој свој истражувачки интерес д-р Јорданова беше вклучена во реализација на три проекти посветени на хистолошка и хистопатолошка евалуација на црниот дроб на рибите од чиста и загадена средина. Резултатите од научноистражувачката активност д-р Јорданова (како автор или коавтор) ги има публикувано во 21 труд (14 во списанија во Македонија, 7 во списанија надвор од Македонија), а ги има презентирани усно или постерски на повеќе научни собири во земјата и во странство (10 трудови се презентирани на научни манифестации во Македонија, а 11 во странство). Позначајни трудови се: Jordanova, M., Miteva, N., Mitev, S., Dinevska-Cofkarovska, S. (1999): Content and distribution of glycogen in rat liver during acclimation to hyperthermic environment. G. zb. Biol., 52: 130-134; Jordanova, M., Miteva, N. (2001): Histochemical studies of Mg++ dependent adenosine triphosphatase in starved rats liver during acclimation to hyperthermic environment. Perod. Biol., 103 (1): 35-38. Roganovic-Zafirova, D. R., Jordanova, M., Panov, S., Velkova-Jordanovska, L. (2003): Hepatic capillariasis in the Mediterranean barbell (Barbus meridionalis Petenyi Heck.) from Lake Ohrid. Folia Veterinaria, 47 (1): 35-37; Jordanova, M., Miteva, N., Rocha, E. (2004): Seasonal variations in iron and copper content in the liver of wild Ohrid trout, Salmo letnica. Pages: 1-7.; Jordanova, M., Rebok, K., Miteva, N., Rocha, E. (2006): Evaluating pigmented macrophages as biomarkers for fish health and environmental pollution: evidence of natural seasonal fluctuations in Ohrid trout.: 1-7.

http://balwois.mpl.ird.fr/balwois/administration/allfulpaper.php; Jordanova, M., Rebok, K., Miteva, N., Rocha, E. (2006): Evaluating pigmented macrophages as biomarkers for fish health and environmental pollution: evidence of natural seasonal fluctuations in Ohrid trout. Pages: 1-7. http://balwois.mpl.ird.fr/balwois/administration/full_paper/ffp-498.pdf