Navigation
 

Атанасова Наталија - Пом. асистент

Родена на 16 август 1974 г. во Скопје, Р. Македонија. Гимназија завршува во УСО Раде Јовчевски-Корчагин во 1993 г.. Истата година се запишала на Природно-математички факултет, студии по биологија, биохемиско-физиолошка насока. Дипломира во 1998 г. на Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје. Истата година е прогласена за најдобар дипломиран студент во генерацијата 1997/98 г. со просечен успех 9,64. Истата 1998 г. се запишува на постдипломски студии на Природно-математички факултет, студии по биологија, биохемиско-физиолошка насока. Во 2006 г. ја одбранува магистерската работа под наслов "Анаеробни фунги од моногастрични и руминантни хербиворни животни - морфолошки и ензимски карактеристики", при Институтот за биологија, ПМФ. На Природно-математичкиот факултет се вработува во 2000 г. Моментно е ангажирана во изведување на практичната настава по група предмети од областа на микробиологијата и биотехнологијата. Во периодот од 22.6.2001 до 5.7.2001 престојува во лабораториите на Институтот за анимална физиологија и генетика при Чешката академија на науките, заради запознавање со постојните техники и новите современи методи за проучување на биологијата на облигатните анаеробни зооспорни фунги. Во периодот од 18-20.10.2001 г. престојува на Microbiology Department, Medical School, University of Ioannina, Greece, а по покана на Food Safety Laboratory, Central of Public Health Laboratory Service, Colindale, London, UK со цел запознавање со најновите ISO стандарди за микробиолошки квалитет на прехранбените производи, како и најновите методи за изолација и проучување на најчестите контаминанти на храна. Во текот на измиатиот период, м-р Атанасова-Панчевска учествувала на следните семинари: Water Treatment Training Course, во Софија, Бугарија (2003); Принципи на проектирање за прочистителна станица на отпадни води, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање-Фонд за животна средина на Р. Македонија (2004); workshop - Chemicals as Intentional and Accidental Global Environmental Threats, во организација на NATO Advance Science Institution, во Боровец, Р. Бугарија (2005). Учествува во подготовката на лабораториски прирачник микробиологија I и микробиологија II, како и на бројни прирачници и скрипти по микробиологија за интерна употреба. Автор е на 6 научни трудови, од кои 2 се објавени во списанија надвор од Македонија, како и на 22 конгресни соопштенија. Досега има учествувано во 6 проекти, од кои 5 се научноистражувачки (3 се меѓународни) и еден развојно-технолошки проект. Член е на неколку стручни организации и тела: FEMS- Federation of European Microbiological Societies, EFB-European Federation of Biotechnology, Society of the Macedonian Microbiologists, Society of Biologists of Macedonia, Macedonian Mycological Society. Подрачја од потесен научен интерес: микробна екологија, биолошки третман на комунална и индустриска отпадна вода, биологија на аеробни фунги, биологија на анаеробни зооспорни фунги, хидромикробиологија, прехранбена микробиологија, молекуларна микробиологија.