Миова Биљана - Пом. асистент

Родена на 7 март 1973 г. во Велес, каде што завршила основно и средно образование. Во 1991 г. се запишала на Институтот за биологија при Природно-математички факултет во Скопје и во 1996 г. дипломирала на биохемиско- физиолошката насока, со што се стекнала со звањето дипломиран инженер по биологија. Во текот на студиите била член на IAESTE -Интернационална организација за размена на студенти за техничко усовршување и три пати била на стручна практика, со времетраење од по еден месец. Магистрирала во 2003 г. на Природно-математички факултет во Скопје на тема Влијание на високата надворешна температура врз некои ензими и супстрати од јаглехидратниот метаболизам во разни ткива кај стаорец, под менторство на д-р С. Диневска - Ќовкаровска. Во 2001 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за биологија при ПМФ Скопје, а во 2004 г. се стекнува со наставното звање асистент на истиот институт, на која позиција се наоѓа и во моментот. Во текот на својот асистентски стаж била активно вклучена во изведувањето на наставната дејност на Заводот за физиологија и биохемија при Институтот за биологија. Изведувала практична настава по предметите споредбена физиологија, анимална екофизиологија, ензимологија и физиологија на трудот за студентите од сите насоки на Институтот за биологија како и биологија со хумана генетика за студентите од Медицински факултет. Во текот на изминатиот период, Миова била активно вклучена и во изработката на експерименталниот дел од неколку магистерски (вкупно 6) и дипломски работи (вкупно 17) кои се изведувале на Заводот за физиологија и биохемија. Ангажираноста со студентите подразбира и вклучување во работата на Физиолошката секција при Истражувачкото друштво на студенти - биолози (ИДСБ), во чии рамки се изведуваат стручни теренски истражувања. М-р Миова, била активно вклучена во научно-истражувачката работа на Заводот за физиологија и биохемија при Институтот за биологија како учесник во реализацијата на неколку научноистражувачки проекти (вкупно 5) од областа на екофизиологијата и дијабетологијата. Како автор или коавтор има објавено 4 научни трудови во странски (од кои 2 се во печат) и 3 во домашни списанија, 2 стручни трудови, како и 20 соопштенија презентирани на домашни и меѓународни конгреси. Потесната научно-истражувачката ангажираност на м-р Миова е од областа на екофизиологијата, со посебен осврт на влијанието на хипертермичката средина, некои ендокрини фактори и дијабетот врз клучни регулаторни ензими и супстрати од јаглехидратниот метаболизам во црниот дроб и други ткива кај стаорец. Во текот на своето професионално усовршување престојувала во Интситутот за здравје и медицински истражувања (INSERM) во Лион, Франција како корисник на стипендија што ја доделува Франкофонската универзитетска агенција - Bourse de Formation à la recherche de l’Agence Universitaire de la Francophonie (AUF).Најзначајни објавени трудови се: Roganovic-Zafirova, D., Panov, S., Stankovic, A., Miova, B., Jovceva, T. (2002): Vitellogenin induction in several fish species from Lake Prespa as indicator of xenoestrogenic exposure. Contributions, Sec. Biol. Med. Sci., MASA, XXIII, 1-2, p. 61-77; S. Mitev, S. Dinevska-Kjovkarovska and B. Miova (2005): The effect of acclimation to high environmental temperature on the activity of hepatic glycogen phosphorylase (a+b and a), liver glycogen content and blood glucose level. J.Ther. Biol., 30, 563-568; S. Dinevska-Kjovkarovska, S. Mitev, B. Miova (2005): Liver fructose-1,6-bisphosphatase, PEPCK and PK activity in fasted rats during acclimation to high environmental temperature. Iugoslav. Physiol. et Pharmacol. Acta, 41, 3, 101-112. М-р Миова е активен учесник во Друштвото на биолози на Македонија, Друштвото на физиолози и антрополози на Македонија и Друштвото на клинички биохемичари на Македонија. Активно го говори англискиот јазик, а има и основно познавање од француски јазик.

родена на 7 март 1973 г. во Велес, каде што завршила основно и средно образование. Во 1991 г. се запишала на Институтот за биологија при Природно-математички факултет во Скопје и во 1996 г. дипломирала на биохемиско- физиолошката насока, со што се стекнала со звањето дипломиран инженер по биологија. Во текот на студиите била член на IAESTE -Интернационална организација за размена на студенти за техничко усовршување и три пати била на стручна практика, со времетраење од по еден месец. Магистрирала во 2003 г. на Природно-математички факултет во Скопје на тема Влијание на високата надворешна температура врз некои ензими и супстрати од јаглехидратниот метаболизам во разни ткива кај стаорец, под менторство на д-р С. Диневска - Ќовкаровска. Во 2001 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за биологија при ПМФ Скопје, а во 2004 г. се стекнува со наставното звање асистент на истиот институт, на која позиција се наоѓа и во моментот. Во текот на својот асистентски стаж била активно вклучена во изведувањето на наставната дејност на Заводот за физиологија и биохемија при Институтот за биологија. Изведувала практична настава по предметите споредбена физиологија, анимална екофизиологија, ензимологија и физиологија на трудот за студентите од сите насоки на Институтот за биологија како и биологија со хумана генетика за студентите од Медицински факултет. Во текот на изминатиот период, Миова била активно вклучена и во изработката на експерименталниот дел од неколку магистерски (вкупно 6) и дипломски работи (вкупно 17) кои се изведувале на Заводот за физиологија и биохемија. Ангажираноста со студентите подразбира и вклучување во работата на Физиолошката секција при Истражувачкото друштво на студенти - биолози (ИДСБ), во чии рамки се изведуваат стручни теренски истражувања. М-р Миова, била активно вклучена во научно-истражувачката работа на Заводот за физиологија и биохемија при Институтот за биологија како учесник во реализацијата на неколку научноистражувачки проекти (вкупно 5) од областа на екофизиологијата и дијабетологијата. Како автор или коавтор има објавено 4 научни трудови во странски (од кои 2 се во печат) и 3 во домашни списанија, 2 стручни трудови, како и 20 соопштенија презентирани на домашни и меѓународни конгреси. Потесната научно-истражувачката ангажираност на м-р Миова е од областа на екофизиологијата, со посебен осврт на влијанието на хипертермичката средина, некои ендокрини фактори и дијабетот врз клучни регулаторни ензими и супстрати од јаглехидратниот метаболизам во црниот дроб и други ткива кај стаорец. Во текот на своето професионално усовршување престојувала во Интситутот за здравје и медицински истражувања (INSERM) во Лион, Франција како корисник на стипендија што ја доделува Франкофонската универзитетска агенција - Bourse de Formation à la recherche de l’Agence Universitaire de la Francophonie (AUF).Најзначајни објавени трудови се: Roganovic-Zafirova, D., Panov, S., Stankovic, A., Miova, B., Jovceva, T. (2002): Vitellogenin induction in several fish species from Lake Prespa as indicator of xenoestrogenic exposure. Contributions, Sec. Biol. Med. Sci., MASA, XXIII, 1-2, p. 61-77; S. Mitev, S. Dinevska-Kjovkarovska and B. Miova (2005): The effect of acclimation to high environmental temperature on the activity of hepatic glycogen phosphorylase (a+b and a), liver glycogen content and blood glucose level. J.Ther. Biol., 30, 563-568; S. Dinevska-Kjovkarovska, S. Mitev, B. Miova (2005): Liver fructose-1,6-bisphosphatase, PEPCK and PK activity in fasted rats during acclimation to high environmental temperature. Iugoslav. Physiol. et Pharmacol. Acta, 41, 3, 101-112. М-р Миова е активен учесник во Друштвото на биолози на Македонија, Друштвото на физиолози и антрополози на Македонија и Друштвото на клинички биохемичари на Македонија. Активно го говори англискиот јазик, а има и основно познавање од француски јазик.