Navigation
 

Славевска Стаменковиќ Валентина - Пом. асистент

Родена на 14 декември 1972 г. во Скопје, каде што ги завршила основното и средното образование. Во академската 1991/1992 се запишала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за биологија, наставна насока. Дипломирала во 1996 г. со среден успех 8.91. Во текот на студиите била активен учесник во Друштвото на студенти по Биологија. По дипломирањето, во учебната 1997/1998 се запишала на постдипломски студии на еколошко-таксономската насока и ги положила сите предвидени испити. Во периодот од септември 1997 до октомври 2001 г. била вработена како професор по билогија во проектот Пекснас кој се реализираше во ДСУ " Р. Ј. Корчагин" во Скопје. Во учебната 2000/2001 г. како волонтер, Славевска-Стаменковиќ била активно вклучена во изведувањето на практичната настава по предметот Invertebrata на Зоолошкиот завод. Од 2001 г. работи како помлад асистент во Зоолошкиот завод при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од периодот на нејзиното вработување па до денес била активно вклучена во изведувањето на практичната настава по предметите Invertebrata (за студентите од наставната насока), типологија на животни I (за студентите од биохемиско-физиолошката насока), систематика на животни I (за студентите од двопредметната настава по биологија-хемија), органска еволуција (за студентите од наставната и биохемиско-физиолошката насока), а учествувала и во изведување на вежбите по предметите Vertebrata (за студентите од наставната насока), и биологија со хумана генетика (за студентите од Стоматолошкиот факултет). Во текот на своето работење, Славевска-Стаменковиќ била активно вклучена во научно истражувачката работа во лабораторијата за инвертебрата и анимална екологија при Заводот за зоологија. Во меѓувреме остварила стручно-научни контакти со повеќето специјалисти од странство на различни инвертебратни таксономски групи од макрозообентосот. Славевска-Стаменковиќ е коавтор на следните соопштенија и научни трудови: Smiljkov, S. & Slavevska-Stamenkovic,V., (2004): Seasonal biocenological investigations of the Mantovo reservoir and the mouth of the river Kriva Lakavica. I symposium of ecologists of the Republic of Montenegro with international participation. Tivat. October, 2004. Smiljkov, S. & Slavevska-Stamenkovic,V., (2006): Pollution of the river Sateska as main source for eutrophication of Ohrid Lake. Institute for geography. Scientific symposium with international participation. Ohrid. 30.03-01.04.2006. Smiljkov, S. & Slavevska-Stamenkovic,V., (2004): Seasonal biocenological investigations of the Mantovo reservoir and the mouth of the river Kriva Lakavica. Natura Montenegrina No 3: 311-325.Smiljkov, S. & Slavevska-Stamenkovic,V., (2006): Chironomidae (Diptera) larvae fauna from the Mantovo reservoir and the mouth of the river Kriva Lakavica. BALWOIS.