Navigation
 

Дерлиева Лидија - Пом. асистент мр.

Родена на 10 април 1963 г. во Скопје, каде што завршила основно училиште. Средно образование завршила во МУЦ "Д-р Панче Караѓозов", а во учебната 1981/82 г. се запишала на Биолошкиот факултет на биохемиско-физиолошката насока. Дипломирала во 1986 г. со сре­ден успех 9,10. Во 1987 г. била примена како приправник-помлад асистент во Заводот за ботаника со ботаничка градина (Ин­ститут за биологија), во Одделението за екологија на растенија. На ова работно место изведувала практична настава по повеќе предмети. Во 1987/88 г. се запишала на постдипломски сту­дии на ПМФ, еколошко-таксо­номска група. За помлад асистент била преизбрана на 15 јуни 1995 г. Била вклучена во проектот "Еколошки, физиолошко-биохемиски и цитогенетски истражувања во природни и експериментални услови" од кои произлегла и темата за нејзината магистерска работа. Вклучена е во проектот "Екофизиолошки и анатомско-морфолошки ка­рак­те­ристики на листови од Pinus nigraи Tilia argenteaво загадена и релативно чиста жи­вотна средина". Го напушти работното место во 1998 г.