Доктор Матевски Владо - Редовен професор

Роден на 4 декември 1953 г. во с. Г. Црско, Кичевско. Основното и средното образование ги завршил во Кичево. Во учебната 1972/73 г. се запишал на ПМФ во Скопје, група биологија, дипломирал во 1977 г.. Во 1977/78 г. се запишал на постдипломски студии на Биолошкиот факултет во Скопје (еколошко таксономска насока), а магистерскиот труд под наслов "Таксономија и хорологија на родот Thymus L. во Скопската Котлина" го одбранил во 1982 г. Докторската дисертација под наслов "Таксономија и хорологија на Sect. Marginati (A. Kerner) A. Kerner од родот ThymusL. во флората на СР Македонија" ја одбранил во 1987 г. на ПМФ во Скопје. Во 1980 г. се вработил како приправник на Биолошкиот факултет во Скопје, за асистент е избран во 1983 г., доцент во 1988 г., вонр. професор во 1993 г., ред. професор во 1998 г. и е преизбран во истото звање во 2003г. Држи наставата по предметите за кои е избран (систематика и филогенија на вишите растенија-за наставната насока и систематика на растенијата II - забиохемиско-физиолошката насока). Му била доверена наставата и по предметите систематика на растенија (двопредметни студии биологија-хемија), фитогеографија со фитоценологија (наставна насока), систематика на вишите растенија, биодиверзитет (еколошката насока) и основи на биодиверзитетот (ИСИЖС). Држи настава на постдипломски студии (принципи и методи на таксономски истражувања, систематика и филогенија на одредена група организми и вегетација на Македонија). Главно подрачје на негов научен интерес претставува флората и вегетацијата на Р. Македонија и јужните делови на Балканскиот Полуостров. Објавил 77 научни трудови, од нив 18 во странство, во афирмирани научни списанија (Colloques Phytosociologiques, Bailleul, France; Biochem. Syst. and Ecology, UK; J. Essent. Oil Resarsch, UK; Fitosociologija, Italia.; Razprave, SAZU, Slovenija; Acta Bot. Croatica, Hrvatska; Hacquetia, Hladnikia, Slovenija) и др. Во списанија од Македонија објавил 59 трудови (42 во научни списанија а 17 трудови во зборници на трудови од научни конгреси, симпозиуми и други посебни изданија). Самостојно или во коавторство опишал околу 20 нови флористички таксони за науката (4 видови), како и 1 нов субсојуз и 10 нови асоцијации за науката од вегетацијата на Р. Македонија и јужните делови на Балканскиот Полуостров. Голем број од објавените научни трудови се цитирани во меѓународни списанија со Impact factor, монографии, статии, докторски дисертации, магистерски трудови и друго. Во ISI Web of Knowledge (Science Citation Index, 2005) цитирани се 13 трудови, а повеќе негови трудови се цитирани во Biological Abstract. Во Flora Hellenica bibliography (1996) цитирани се 23 научни трудови, во EURO+MED Plant BASE-SourcesAdvNumerical (2005) - 5 трудови, додека во Med-Cheklist, 3 (1986) - 1 труд. Учествувал со 47 реферати или соопштенија на голем број конгреси и симпозиум, од кои 31 се презентирани на меѓународни собири во странство (3 пленарни) и 16 презентирани на конгреси и симпозиуми со меѓународно учество во Македонија (3 пленарни). Член е на интернационалниот уредувачки одбор на научнотосписание“Hacquetia” кој го издава Биолошкиот институт "Ј. Хаџи", САЗУ, Љубљана (2002- )(Indexed in: WINITI,CAB). Член на уредувачкиот одбор на списанието Годишен зборник, биологија, ПМФ, Скопје (1990-1992; 2005-), член на редакцискиот одбор на Јубилејното издание 75 години Природонаучен музеј на Македонија (1926-2001). Бил член во научниот одбор на повеќе меѓународни и домашни научни манифестации: IV International Balkan Botanical Congress, Sofia (2006), II International Symposium of Ecologist of Montenegro, Bar (2006), VIII Simposium of the flora of Southeastern Serbia and neighbouring Regions, Niš, (2005), III International Balkan Botanical Congress, Sarajevo (2003), Eastern Alpine and Dinaric Soc. for Veget. Ecol., Simposium, Otočec, Slovenija (2003), VII Simposium of the flora of Southeastern Serbia and neighbouring Regions, Dimitrovgrad, (2002), VI Simposium of the flora of Southeastern Serbia and neighbouring Regions, Sokobanja (2000), II конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид (2003), I конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид (1998), I конгрес на студентите по биологија на Македонија со меѓународно учество, Скопје (1997), I конгрес на биолозите на Р. Македонија, Охрид (1996)(потпретседател на организациониот одбор), 50-години Природно-математички факултет, Скопје, (1996)(секретар на факултетскиот одбор), I конгрес на биосистематичарите на Југославија, П. Шапка (1985) (технички секретар на организациониот одбор). Учествувал во реализацијата на над 15 научноистражувачки проекти. Раководел со 6 домашни проекти а учествувал во три проекти, реализирани во заедничка соработка со Фармацевтскиот факултет и со Институтот за медицина на трудот на Медицинскиот фаултет во Скопје. Во соработка со Биолошкиот институт "Јован Хаџи" при ЗРЦ, САЗУ, Љубљана, како раководител од македонска страна учествувал во реализацијата на 5 билатерални македонско-словенечки проекти, од кои едниот е во тек. Раководел и учествувал во голем број проекти во кои е проучувана состојбата со биолошката разновидност на Р.Македонија. Тој е национален консултант во европско-медитеранскиот проект - EURO+MED PLANT BASE кој се координира од страна на Frei Universität Berlin-Botanischer Garten und Botanisches Museum Berlin-Dahlem. Бил ментор или член на комисија за одбрана на околу 70 дипломски работи, како и ментор, коментор и член во комисија за оценка и одбрана на седум магистерски трудови и девет докторски дисертации. Остварил студиски претстои во повеќе наврати во Австрија - Naturhistorisches Museum Viena (1979-1985). Бил на пократки студиски претстои на Биотехничкиот факултет во Љубљана (1982-1984), Хербариумите на Земаљскиот музеј во Сараево (1982), Ботаничкиот завод на Придословно-математичкиот факултет во Загреб (1983) и Природњачкиот музеј Белград (1984), како и на Биолошкиот институт "Јован Хаџи" при ЗРЦ, САЗУ, Љубљана (1982-1985), а после тоа секоја г. (1997-2006)претстојува во оваа институција, во рамките на заедничките македонско-словенечки проекти. Во периодот од 1993 до 1995 г. бил раководител на ботаничкиот завод со Ботаничка градина, а во текот на 1995 г. ја вршел функцијата шеф на Институтот за биологија. Д-р Матевски бил продекан за настава и наука на Природно-математичкиот факултет (1995-1997), член на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" (2003-2004). Учествува во неколку меѓународни научни асоцијации (OPTIMA, Источно алпско-динарско друштво за проучување на вегетацијата и други), национални друштва (Друштво на биолозите на Р. Македонија, Македонско еколошко друштво) и други. Најзначајни трудови: Matevski, V., Micevski, K., Sekovski, Ž., 1990. Thymus karadzicensis Matevski & Micevski spec. nov. in der flora von Makedonien. Razprave IV razreda SAZU. 31(11): 169-178, Ljubljana, Slovenija; Матевски, В., 1991. Прилог кон таксономијата и хорологијата на некои видови од родотThymus L. (Lamiaceae) Sect. Marginati (A. Kerner) A. Kerner Subsect. Marginati во флората на Македонија. МАНУ, Прилози, 9(1-2): 52-63, Скопје; Матевски, В., 1995. Флората на планинскиот масив Добра Вода. Год. Зб. Инст. за биол., 1-46. ПМФ, Скопје; Čarni, A., Kostadinovski, M., Matevski, V., 2000. Saum" (fringe) vegetation (Trifolio-Geranietea) in the Republic of Macedonia. Acta Bot. Croat., 59(1): 279-329, Hrvatska; Marin, P. D., Grayer, R. J., Kite, G.C. & Matevski, V., 2003. External leaf flavonoids of Thymus species from Macedonia. Biochem. Syst. and Ecology, 31: 1291-1307, UK.