Navigation
 

Доктор Спасеноски Мирко - Редовен професор

Роден на 20 јануари 1944 г. во с. Староец, Кичевско. Основно образование завршил во Кичево, а средно во Битола. Дипломирал во 1967 г. на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистерскиот труд под наслов: Испитивање утицаја црвене светлости на ауксине и слободне аминокиселине у стаблу грашка го одбранил во јуни 1975 г. на Биолошкиот институт при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Белград-СФРЈ, а докторската дисертација под наслов: Утицај хормона на органогенезу и регенерацију биљака из делова вегетативних органа Actinidia chinensis Planch.гајених in vitro” во 1983 г. на Природно-математичкиот факултет во Белград-Р. Србија, СФРЈ. Во 1971 г. бил избран за асистент на Ботаничкиот завод при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1981 г. бил избран за предавач на Биолошкиот факултет, Скопје. Во 1984 г. бил избран за доцент на Биолошкиот факултет, Скопје, а во 1989 г. бил избран за вонр. професор на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје. Во 1994 г. бил избран за ред. професор, а во 2000 г. повторно избран за ред. професор на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје. По дипломирањето, во периодот од 1967до 1971 г.,работел како средношколски професор по биологија во Гимназијата Панче Поповски и во Економското училиште Чеде Филиповски во Гостивар. Д-р Мирко Спасеноски ја одржувал практична настава по предметите: физиологија на растенијата за студентите на Институтот за биологија, како и за студентите од Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет по предметите биологија, односно ботаника. Исто така, ја одржувал теоретската настава по предметите: методика на наставата по биологија, одбрани поглавја од растителната физиологија, физиологија на растенијата, физиологија на развитокот на растенијата со култура на ткиво за студентите на Институтот за биологија, како и методика во биологијата со хоспитации за четиригодишните двопредметни студии биологија-хемија на ПМФ, Скопје. Воедно, еден семестар бил ангажиран да изведува настава по предметот молекуларна биологија на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Освен во редовната настава д-р Спасеноски, бил активно вклучен и во изведувањето на наставата од постдипломските студии на Институтот за биологија, како и на интердисциплинарните постдипломски студии по молекуларна биологија и генетско инженерство на УниверзитетотСв. Кирил и Методијво Скопје. Главно подрачје на научен интерес на д-р Спасеноски се: култури на растителни ткива, влијанието на растителните хормони врз одделни биохемиски и физиолошки процеси кај растенијата, како и влијанието на тешките метали врз биохемиско-физиолошките процеси кај растителните организми. Вкупен број на објавени трудови: 93 од кои 16 во списанија надвор од Македонија,а другите објавени во зборници на трудови во Македонија. Меѓу позначајните научни трудови се: Spasenoski, M., Neskovic, M. (1985): In vitro vegettive propagation of Actinidia chinensis Planch. From juvnile and adult plant segments. Bulletin de Institut du jardin botaniques de L, Universite de Belgrade, tome XIX, 7-13. Спасеноски, М. (1988): Испитивање утицаја натријевих соли у земљишту на садржај неких елемената и продукцију алкалоида код мака (Papaver somniferum L.).Agrohemija, No. 5-6, Beograd. Spasenoski, M., Jordanovska, V. (1988): Effect of incrreasing doses of sodium chloride and sodium sulphate on the Yield of dry substance and content of some element in opium poppy (Papaver somniferum L.). Acta Biol. Med. Exp., 13, 34-41. Koleva, L., Spasenoski, M. (1997): Some morphplogical and biological characteristics of pepper produced under in vitro conditions. Acta hort., 462,2,712-724. Gadzovska, S., Keravis, G., Spasenoski, M., Hagege, D., Joseph, C. (2005): Identification and quantification of hypericin and pseudohypericin in different Hypericum perforatum L. in vitro cultures. Plant Physiology and Biochemistry, 43,591-601. Рецензент е на 2 трудови во странски списанија, како и рецензент на 5 трудови во домашни списанија. Д-р Спасеноски има 93 презентирани трудови (усно или постерски) на научни манифестации од кои 32 надвор од Македонија (од кои 2 пленарни и секциски предавања) и 61 во Македонија (од кои 2 пленарни и секциски предавања). Д-р Спасеновски има објавено и 4 универзитетски учебници и учебни помагала. Д-р Спасеноски бил и претседател на научен/организационен одбор на една научна конференција како и член на научен/организационен одбор на една научна конференција. Во изминатиот период бил раководител на 6 научноистражувачки проекти од кои еден меѓународен. Исто така, учествувал и во 4 проекти за унапредување на образованието: (раководител: 3; член на тимот: 1). Бил ментор на 6 кандидати за докторска дисертација и на 9 кандидати за магистерска работа, а на 114 кандидати за дипломска работа. Д-р Спасеноски претстојувал на странски универзитети: од 1.09.1977 до 1.02.1978 на Универзитетот во Лунд-Шведска, во 1981 г. 15 дена во Институтот за експериментална биологија на Универзитетот Коменски во Братислава, во 1987 г. 25 дена на Универзитетот во Бат-Англија, во 1988 г. 10 дена на Карловиот универзитет во Прага-Чешка, како и во 1990 г. 7 дена во Институтот за молекуларна биологија во Сегедин -Унгарија. Во текот на изработката на докторската дисертација повеќе пати престојувал во Институтот за ботаника при ПМФ во Белград, како и во Институтот за биолошки истражувања Синиша Станковиќво Белград-Србија. Во 2001 г. имал краток престој и предавање на Универзитетот во Орлеан, Република Франција. Раководни функции во струката: продекан на Биолошкиот факултет (1.10.1979 до 30.09.1981 и 1.10.1983 до 30.09.1985 г). Д-р Спасеновски бил раководител на Ботанички завод 1987-1989, в.д. раководител на Ботаничката градина (1989-1993), шеф на Институтот за биологија (1997-1999), продекан за настава и наука на ПМФ (1999-2001). Имено, активноста д-р Спасеноски ја остварува како член и претседател на повеќе комисии и како член на повеќе научно-стручни здруженија во Р. Македонија и надвор од земјата. Членство во разни организации и тела: член на Југословенското друштво за физиологија на растенијата, и на Меѓународното друштво за култура на растително ткиво (IAPTC). Д-р Спасеноски бил претседател на Комисијата за биологија при Републичкиот педагошки совет (1998-1999) г., и член на Комисијата за наставни и научни прашања во Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (1996-1998 и 2000-2004). Истовремено, д-р Спасеноски бил активен учесник на разни трибини, семинари и работни групи, во врска со основното, средното и високото образование. Во 2000 г. бил член на Комисијата за доделување на наградата Гоце Делчевпри Министерството за образование и наука од областа на природно-математичките и техничките науки. Од 1999 до 2006 г. д-р Спасеноски бил претседател на Комисијата за полагање на стручен испит по предметот биологија во основното образование. Во периодот од 1980 до 2006 г. учествувал во реализирањето на смотрите на млади истражувачи, како член на оценувачката комисија од областа биологија, што се организираат секоја г. од страна на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија Наука на младите”. Д-р Спасеноски бил член и главен и одговорен уредник на Годишниот зборник-биологија, претседател и потпретседател на Друштвото на биолозите на Р. Македонија. Претседател на Организациониот одбор на 1от конгрес на биолозите на Македонија и потпретседател на организациониот одбор на 2от конгрес на биолозите на Македонија. Исто така, тој бил член на разни други комисии во рамките на Факултетот, Универзитетот и Министерството за образование и наука. Во периодот 1996-1998 г. во Заводот за стандардизација и метрологија, бил претседател на Комисијата за тутун и тутунски производи. Од страна на Агенцијата за евалвација на високото образование, д-р Спасеноски бил именуван за член на комисиите за надворешна евалвација на Земјоделскиот, Шумарскиот и Медицинскиот факултет во Скопје. Добитник е на благодарница за придонес во развитокот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.