Navigation
 

Доктор Сековски Живко - Редовен професор

Роден на 26 јули 1948 г. во Сми­лево, Демир Хисар. Основното образование го завршил во родното место, а средното во Битола. Во учебната 1967/68 г. се запишал на Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје, група биологија, на која дип­ло­мирал во редовниот четиригодишен рок со среден успех 8,36. За асистент на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје е избран во 1972 г., а во 1977 и 1982 г. е преиз­бран во истото звање. Во учебната 1975/76 г. се запишал на пост­дипломски студии на Универзитетот во Загреб, во Центарот за постдип­ломски студии, група биологија, насока биологија на клетка. Со одбраната на магистерската работа под наслов Citotaksonomska studija roda Ranunculus L. sa podru~ja SR Makedonije на 23.4.1981 г. се здобил со научниот степен магистер на биолошките науки. Во јули 1985 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје успе­ш­но ја одбранил докторската дисертација под наслов Цитогенетски истражу­вања народот Ranunculus L. од подрачјето наМакедонија и со тоа ги испол­нил условите за здобивање со научниот степен доктор на биолошките науки. На 14.10.1986 г. е избран за доцент по предметите цитологија на растенијата и ана­томија и морфологија на растенијата на Институтот за биологија при Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје. За вонр. професор по предметот цитологија, анатомија и морфо­логија на растенијата на Институтот за биологија при Природно-математич­киот факултет во Скопје е избран во 1991 г., а во 1996 г. е избран за ред. професор по предметите: цитологија, анатомија и морфологија на растенијата и општа ботаника. Покрај ангажираноста во наставно-образовниот процес, д-р Живко Сековски активно е вклучен и во научноистражувачката дејност на Институтот за биологија, со проблеми од цитогенетиката на природните попу­лации на одредени растителни родови во флората на Ма­кедонија, обрабо­тувани преку повеќе истражувачки проекти на Ботаничкиот завод со бота­ничка градина. Д-р Живко Сековски активно учествувал во работата на самоуправните органи и разни комисии на Факултетот, во кои бил избиран.