Navigation
 

Доктор Георгиевска Марина - Редовен професор

Родена на 2 ноември 1935 г. во Белград. Основното и средното образование го завршила во Скопје, каде што во 1954 г. се запишала на студии по биологија на Природно-математичкиот факултет. Дип­ло­­мирала во 1959 г., а во 1960 г. е примена на ра­бота како асистент на Зоолошкиот завод на ПМФ во Скоп­је. Како асистент престојувала на стручно усовршување во Биолошкиот институт на Универ­зи­тетот во Љубљана (1964), во Природњачкиот музеј во Белград (1964) и во Институтот за зооси­стематика на Универзитетот во Будимпешта, Унгарија (1970), каде што ги добила основните познавања за истражување на почвената фауна. Во научноистражувачката работа се определила за еко­лошки проучу­вања на популациите и животните комплекси на слободноживечките нематоди во почви на различни шумски заедници во Македонија. Од оваа област има објавено повеќе научни трудови, како и изработен магистерски труд (одбра­нет во 1970) и докторска дисертација (одбранета во 1978 г.). Научно­истра­жу­вач­ката работа е реализирана преку повеќе научноистражувачки проекти, во организација на Институтот за биологија. Во звањето доцент е избрана во 1979, вонр. професор е од 1986 г., а ред. профе­сор од 1991 г. Изведувала настава по предметите анимална екологија со зоогеографија, оп­шта екологија, органска еволуција и биологија (за студентите од Фармацевтскиот факултет). За раководител на Зоолошкиот завод била избрана повеќе пати, а во периодот 19871989 г. била шеф на Институтот за биологија при ПМФ Скопје. Како долгогодишен генера­лен секретар на Друштвото на еколозите на Југославија, активно учествувала во реализацијата и координирањето на работата на Друштвото, како и во организирањето на Симпозиумот за трајно заштитени површини на Југославија (Охрид, 1975), на колоквиумот Образо­вание и заштита на животната средина (Охрид, 1973); наV конгрес на еколозите на Југославија (Охрид, 1988); I конгрес на биолозите на Македонија (Охрид, 1996); II конгрес на биолозите на Македонија (Охрид, 1998); I kонгрес на еколозите на Македонија (Охрид, 1998). Редовен учесник била на симпозиумите за почвената фауна (од 1970 до 1987 г.) од кои два се одржани во Македонија, а чиј главен органи­затор била таа. Д-р Георгиевска зад себе стави дваесетина научни трудови од областа на почвената екологија. Почина на 5.10.2002 по долготрајно боледување.

родена на 2 ноември 1935 г. во Белград. Основното и средното образование го завршила во Скопје, каде што во 1954 г. се запишала на студии по биологија на Природно-математичкиот факултет. Дип­ло­­мирала во 1959 г., а во 1960 г. е примена на ра­бота како асистент на Зоолошкиот завод на ПМФ во Скоп­је. Како асистент престојувала на стручно усовршување во Биолошкиот институт на Универ­зи­тетот во Љубљана (1964), во Природњачкиот музеј во Белград (1964) и во Институтот за зооси­стематика на Универзитетот во Будимпешта, Унгарија (1970), каде што ги добила основните познавања за истражување на почвената фауна. Во научноистражувачката работа се определила за еко­лошки проучу­вања на популациите и животните комплекси на слободноживечките нематоди во почви на различни шумски заедници во Македонија. Од оваа област има објавено повеќе научни трудови, како и изработен магистерски труд (одбра­нет во 1970) и докторска дисертација (одбранета во 1978 г.). Научно­истра­жу­вач­ката работа е реализирана преку повеќе научноистражувачки проекти, во организација на Институтот за биологија. Во звањето доцент е избрана во 1979, вонр. професор е од 1986 г., а ред. профе­сор од 1991 г. Изведувала настава по предметите анимална екологија со зоогеографија, оп­шта екологија, органска еволуција и биологија (за студентите од Фармацевтскиот факултет). За раководител на Зоолошкиот завод била избрана повеќе пати, а во периодот 19871989 г. била шеф на Институтот за биологија при ПМФ Скопје. Како долгогодишен генера­лен секретар на Друштвото на еколозите на Југославија, активно учествувала во реализацијата и координирањето на работата на Друштвото, како и во организирањето на Симпозиумот за трајно заштитени површини на Југославија (Охрид, 1975), на колоквиумот Образо­вание и заштита на животната средина (Охрид, 1973); наV конгрес на еколозите на Југославија (Охрид, 1988); I конгрес на биолозите на Македонија (Охрид, 1996); II конгрес на биолозите на Македонија (Охрид, 1998); I kонгрес на еколозите на Македонија (Охрид, 1998). Редовен учесник била на симпозиумите за почвената фауна (од 1970 до 1987 г.) од кои два се одржани во Македонија, а чиј главен органи­затор била таа. Д-р Георгиевска зад себе стави дваесетина научни трудови од областа на почвената екологија. Почина на 5.10.2002.