Navigation
 

Доктор Караман Билјана - Редовен професор

Родена на 9 јуни 1942 г. во Смедерево, Србија, во семејство на познати биолози. Основно образование го започнала во Сплит, а го продолжила во Дубровник и Скопје, каде што потоа ја завршува и гимназијата. Студиите на групата биологија на ПМФ во Скопје ги завршила во 1965 г. како најдобар студент. По завршувањето на студиите била избрана за асистент (1966 г.) на Зоолошкиот завод на Природно-математич­ки­от факултет во Скопје за предметите вертебрата и споредбена анатомија. Постдипломските студии ги завршила на ПМФ во Загреб во 1972 г. Докторатот, под менторство на д-р И. Матони­чки, го одбранила, исто така, на ПМФ во Загреб. Во 1980 г. била избрана за доцент, потоа за вонр. професор и ред. професор на ПМФ во Скопје. Како наставник била задолжена за изведување настава по повеќе биолошки дисциплини за студентите од групата биологија и од Медицинскиот и Стоматалошкиот факултет. Нејзината научна дејност се одвива во рамките на проучувањето на фауната на одонатите, главно, во Македонија, а делумно и надвор земјата, при што тие се проучувани од сис­тематско таксономски и еколошки аспект, со посебен акцент на синеколошките истра­жу­вања.