Navigation
 

Доктор Митев Славчо - Редовен професор

Роден 1 август 1944 во с. Ораовица - Радовишко. Основното образование го завршил во родното место, а средното (гимназија) во Радовиш. Студиите по биологија на Природно-матеметичкиот факултет редовно ги завршил во 1970 г. Во 1971 г. бил избран за асистент на Заводот за физиологија при Институтот за биологија на Природно-матеметичкиот факултет. Магистрирал во 1976 г. на Сеучилиштето во Загреб, Р. Хрватска, со одбрана на магистерската работа под наслов Utjecaj hipertermi~ke sredine na sadr`aj jetrnjeg glikogena u stakora. Докторската дисертација под наслов За влијанието на хипертермичката средина и некои ендокрини фактори врз содржината на гликогенот во црниот дроб и некои други параметри кај белиот стаорецја одбранил во 1983 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во звањето доцент по предметите споредбена физиологија, анимална екофизиологија и физиологија на трудот бил избран во 1984 г., за вонр. професор во 1989 г., за ред. професор во 1994 г. и реизбран во ред. професор во 1999 г. Во текот на својот асистентски стаж ја спроведувал практичната настава по предметите споредбена физиологиија; општа физиологија, биохемија; анимална екофизиологија; физиологија на трудот, а по докторирањато теоретската настава по предметите споредбена физиологија; физиологија на животните; Анимална екофизиологија (за студентите биолози); анимална екофизиологија (за студентите од ИСИЖС); Физиологија на трудот. Моментално ја изведува наставата по: споредбена физиологија; физиологија на животните и анимална екофизиологија (за студенти биолози). Освен во редовната настава, д-р Митев учествувал и учествува во наставатаза постдипломски студии на Институтот за биологија. Главно подрачје на научен интерес на д-р Митев е од областа на физиологија (екофизиологија): 1)Влијание на високата надворешна температура врз јаглехидратниот метаболизам и ендокриниот систем. 2) Влијание на ендокрините фактори врз јаглехидратниот метаболизам во услови на висока надворешна температура. Досега објавил 90 научни трудови во домашни и странски списанија и 7 стручни трудови. Објавил и еден универзитетски учебник, три помагала и три средношколски учебници. Како раководител учествувал во 9 научни проекти, а како учесник (член) во 4 проекти. Активно учествувал со 55 трудови презентирани на домашни и меѓународни научни манифестации. Бил ментор на две докторски дисертации и три магистерски трудови и член на рецензентски комисии или комисии за одбрана на многубројни докторски дисертации и магистерски работи. Во изминатиот период престојувал на кратки специјализации на: Медицински факултет во Загреб, Биолошки факултет во Загреб, Биолошки факулет во Софија, Биолошки факултет во Прага. Досега бил повеќе пати раководител на Заводот за физиологија и биохемија, во еден мандат бил продекан за настава, наука и студентски прашања на Природно-математичкиот факултет, шеф на Институтот за биологија и член на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во изминатиот период има добиено 2 признанија.