Navigation
 

Доктор Стојановски Панче - Редовен професор

Роден на 14 јануари 1940 г. во Струмица во работничко семеј­ство. Во овој град ги завршува основното и сред­ното образование, а во учебната 1958/59 г. се запи­шува на Природно-математичкиот факултет, група био­логија, каде што дипломира во 1963 г. По дипло­ми­рањето една учебна г. работел во Гимнази­јата "Кочо Рацин"во Свети Николе. Во 1967 г. е избран за стручен соработник при Бота­нич­киот завод на Природно-математи­ч­киот факултет во Скоп­је, а нешто подоцна и за асистент при истиот завод. Во 1973 г. во Загреб бил промовиран за магистер на биолошките науки по одбраната на магистерската тема Ка­рак­­теристики на фитопланктонот на Дојранското Езеро и неговите сезонски осцилации. Во 1977 г. во Скопје бил промовиран за доктор по био­лошките науки по одбраната на докторската дисертација под наслов Перифитонот на Дој­ран­­ското Езеро негов состав и продукција. Во мај 1977 г. е избран за доцент по предметот општа микробиологија, а во јануари 1983 г. за вонр. професор по истиот предмет. Од учеб­ната 1987/88 г. му е доверена и наставата по предметот систематика и фило­генија на нижите растенија, а во 1990 г. бил избран за ред. професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје по овој предмет. Во својот научно-педагошки развиток д-р Стојановски бил избиран и успешно ги спроведувал поголем број општествени и управни функции како: раководител на Ботаничкиот завод, претседател на Извршниот одбор на Центарот за биолошко-биотехнички науки при Уни­верзитетот, потпретсе­дател на Друштвото на еколозите на Македонија, генерален секретар на Сојузот на друштвата на биосистематичарите на Југославија, претседател на Из­врш­ниот одбор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претсе­дател на Комисијата за нас­тавни прашања при ПМФ во Скопје, претседател на Комисијата за одликувања и награди при ПМФ во Скопје, член на Комисијата за соработка со странство при ПМФ во Скопје, главен и одговорен уредник на списанието Годишен зборник Биологија при ПМФ во Скопје. Научниот опус на д-р Стојановски опфаќа околу 28 години интензивни алголошки истражувања на повеќе стагнантни и истечни водни екосистеми во Македонија, на бившите југословенски простори и во Европа. Стекнатите знаења од областа на флористиката, еко­логијата, продукцијата и сапроби­оло­гијата на алгите тој ги презентира во повеќе од 50 научни трудови, отпечатени во научни списанија кај нас и во Европа, во повеќе научни соопште­нија на домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми. Научните факти презе­нтирани од д-р Стојановски се цитирани повеќекратно кај нас и во европските научни трудови. Со решение на Владата на Р. Македонија од 1995 г. д-р Стојановски е именуван за член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО.