Navigation
 

Доктор Ангеловски Петар - Редовен професор

Роден на 16 септември 1943 г. во с. Луково Кратовско. Основното образование го завршил во Злетово, а средното во Стру­мица. По матури­рањето во 1963 г. се вработил во ЗИК "Овче Поле" во Свети Николе, каде што како земјоделски тех­ничар рабо­тел една г. Во 1964 г. се за­пи­шал на Природно-математичкиот факултет во Скопје група биологија, завр­шувајќи ги студиите во 1968 г. за неполни 4 години. За асистент на Институтот за биологија при ПМФ е избран истата г., вклучу­вајќи се веднаш во нас­тавната и во научноистражувачката дејност на Зоолош­ки­от завод. Во учебната 1972/73 г. се запишал на постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет на Свеучи­лиш­тето во Загреб насока хидро­биологија, во рамките на кои ја пријавил и ја одбранил во 1975 г. магистерската работа под наслов”Sastav i dinamika populacije i bio­mase hironomida kamenitog stani{ta Dojranskog jezera”и со тоа се здобил со научниот степен магистер на биолошките науки. Во почетокот на 1976 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје пријавил те­ма за изработка на докторска дисертација под наслов Хирономидната фауна на Дојранското Езеро, што ја одбранил во 1980 г. Истата година бил избран за до­цент по предметот органска еволуција. Во периодот 19811983 г. ја вршел функцијата про­де­кан на Биолошкиот факултет. Во 1986 г. е избран за вонр. професор, а во 1992 г. за ре­д. про­фесор по предметите инвертебрата и органска еволуција. Покрај обемната наставна работа, д-р Ангеловски има постигнато значајни резултати и во научноистражувачката работа. Таа била насочена кон хид­робиологијата на копнените води, особено кон таксономијата и екологијата на хирономидната фауна, поради што престојувал извесно време во хидробиолошката лабораторија во Загреб и во Институтот за биолошки истражувања "Синиша Станковиќ" во Белград. Како ре­зул­тат на тоа, автор е на повеќе научни трудови и учесник на повеќе научни и стручни собири. Д-р Ангеловски почина во 1999 г.