Navigation
 

Доктор Дренковски Раде - Редовен професор

Роден на 21 април 1932 г. во Белград, каде што го завршил основното училиште. Средното об­ра­зование го стекнал во Скопје во 1952 г. Во 1952/53 г., се наоѓа на отслужување на воениот рок во училиштето за резервни офицери во Битола. Во учебната 1955/56 г. се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на отсекот шумарство, а дипломирал во 1961 г. Од 1968 г. ги следи постдипломските студии (насока дендрологија и фитоценологија) на Шумар­ски­от факултет во Белград, а во 1971 г. го одбранил магистерскиот труд под наслов Таксономија и распрострањивање врстеAcer campestre s. lat. у Македонији. Во 1980 г. на Шумарскиот факултет во Белград ја одбра­нил докторската дисертација под наслов: Таксономска обрадаAcer campestreAcer mar­sicum-комплексау Југо­сла­вији. Од 1953 г. работи во Управата за градско и вонградско зеленило во Скопје, каде што се запознал со широк асортиман на растителни видови и со примената на урбаното зеленило. Во 1958 г. стапи на работа во новоформи­раната ботаничка градина при Природно-ма­тематичкиот факултет во Скопје. Од 1961 г. работи како стручен соработник во Ботаничката градина при Институтот за биологија во Скопје. За управник на Ботаничката градина е поставен во 1968 г. и на таа долж­ност останува сè до 1990 г. Во звањето виш стручен соработник е избран во 1973 г., а во 1981 г. го добива зва­њето научен соработник. Во 1986 г. е избран во звањето виш научен соработник, а во 1992 г. е избран за научен советник на Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје, на која должност ос­танал сè до својата смрт во 1994 г.