Navigation
 

Аврамовски Оливер - Стручен соработник

Роден на 10 февруари 1969 г. во Охрид. Студирал биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Веднаш по дипломирањето, во декември 1993 година, волонтира на Одделението за микробиологија на Ботаничкиот завод со ботаничка гра­дина при Институтот за биологија. Од април 1994 г. работи како стручен соработник во Одде­лени­ето за микробиологија. Неговиот главен научен интерес се таксономијата и систематиката на микромицети (пред сè од родовите Aspergillus и Pencillium). Во 1999 г. замина од факултетот на место национален координатор на Програмата за партиципациско управување со сливот на Охридско Езеро.