Navigation
 

Стојановски Ласте - Помлад асистент

Роден во с. Петралица Крива Паланка на 16 декември 1963 г. Основно и средно образование завршува во Скопје. Во учебната 1982/83 г. се запишува на Биолошкиот факултет во Скопје. Студиите ги завршува во учебната 1986/87 г. Во 1989 г. запишал пост­дипломски студии на Природословно-математичкиот фа­култет во Загреб, група екологија, а во текот на 1992 г. се префрла на постдипломските студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје група биологија, еколошко-таксономска на­сока. Во периодот од 1992 до 1998 г., Ласте Стојановски бил вработен најпрво како стручен соработник, а во 1996 е избран за помлад асистент на Одделението за вертебрата при Зооло­шкиот завод. Во текот на овој период бил ангажиран во научно-истра­жу­вачката област на териологијата, а од таа област и го одбранил својот магистерски труд. Учествувал на поголем број конгреси, симпозиуми, семинари и научни проекти во земјата и во странство. Има публикувано трудови од областа на териологијата. Заминува од ова работно место во 1998-та г.