Navigation
 

Орган на управување и стручен орган на Факултетот е Наставно-научниот совет.
Наставно-научниот совет го сочинуваат избраните
редовни и вонредни професори и доценти, кои имаат засновано работен однос со Факултетот.
Во работата на Наставно-научниот совет може да учествуваат и наставно-научните работници кои изведуваат настава на Факултетот, а немаат засновано работен однос, само за прашањата кои се однесуваат на нивното учество во оставрувањето на дејностите на Факултетот.

Во Наставно-научниот совет свои претставници избираат соработ­ни­ци­те кои имаат засновано работен однос и студентите.

Бројот на соработниците во Наставно-научниот совет изнесува 1/5 од вкупниот број соработници (помлади асистенти и асистенти) на секој институт при Факултетот и тој не може да биде поголем од 1/5 од бројот на редовните професори, вонредните професори и доцентите на Факултетот.

Бројот на студентите во Наставно-научниот совет изнесува по еден студент од секој институт и по еден студент од двопредметните студии.

Мандатот на претставниците на соработниците трае две години, а мандатот на претставниците на студентите трае една година.