Navigation
 

Институт за Биологија

http://ib.pmf.ukim.edu.mk

Институт за биологија структурно е составен дел на Природно-математичкиот факултет. Тој е средиште на високообразовната настава, на научните и апликативните истражувања во областа на биологијата.

Институтот за биологија (како Катедра или Институт за биологија) постои од 1946 година, со основањето на Природно-математичкиот оддел во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје. Во составот на оваа восокообразовна и научна институција остана до 1976 година, кога бешê основан Природно-математичкиот факултет. Во изминатиот период, Институтот за биологија структурно и организициски се состоеше од три заводи: Завод за ботаника, Зоолошки завод и Завод за физиологија и биохемија. Институтот за биологија беше во состав на Природно-математичкиот оддел, односно на Природно-математичкиот факултет до 1976 година. Со универзитетските реформи, во 1976 година, Институтот за биологија се трансформира во самостоен Биолошки факултет во рамките на Универзитетскиот центар за биолошко-биотехнички науки при Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје. Во рамките на Катедрата за биологија, односно Институтот за биологија, во 1952 година почна организирањето на ботаничка градина, а во 1977 година, таа се издвои како самостојна работна единица во состав на Заводот за ботаника, од кога и датира името Завод за ботаника со Ботаничка градина. Од 1985 година, со процесите на рационализација во виското образование, петте самостојни факултети (Математички, Факултет за физика, Хемиски, Биолошки и Географски) одново се обединија во Природно-математичкиот факултет.

Основоположници на наставната и на научната дејност на Институтот за биологија се плејадата познати наставници од повеќе универзитетски центри во тогашната СФР Југославија: д-р Синиша Станковиќ, д-р Милутин Радовановиќ, д-р Сима Гроздановиќ, д-р Стева Ја­ковлевиќ, д-р Иван Ѓаја и д-р Брана Миловановиќ, д-р Стјепан Хорватиќ, д-р Иво Хорват, д-р Вале Воух, д-р Иво Певалек, д-р Ванда Кохански-Девиде, д-р Мирослав Зеи и д р Ернест Маер. Свој придонес во едукацијата на кадри на Институтот дадоа и многу професори од факултетите во Скопје: д-р Ружа Вернер, д-р Никола Мицев, д-р Ружица Главиниќ, Славе Хаџишче и дру­ги наставници што одржуваа настава по предметите физика, хемија, математика, биостатистика, педагогија, психологија и методика.

Наставната и научната дејност на Институот за биологија со своите први сопствени кадри се реализира под раководство на професорите: д-р Роко Вуковиќ, д-р Борис Китанов, д-р Лав Лозински, д-р Миховил Грачанин д-р Петар Икономов. Натамошен исклучително значаен придонес во развојот на Инстиутот за биологија со својата наставна и научна активност дадоа и реномираните професори: д-р Ристо Бузалков, д-р Љупчо Групче, д-р Анастасија Димовска, д-р Александар Димовски, д-р Ристо Коцарев, д-р Митко Ѓорѓиев, д-р Кирил Мицевски, д-р Љубица Петровска, д-р Јонче Шапкарев, д-р Милка Шопова.

Наставната дејност на Институтот за биологија (тогаш Катедра за биологија) почнала со три наставници кои ја изведувале целокупната актив­ност во врска со организацијата и изведувањето на наставата (практичната и теоретска­та).Во 1986 година, кога се одбележуваше 40-годишнината од постоењето на ПМФ, наставата беше изведувана од 19 наставници (9 редовни и 4 вонредни професори и 6 до­центи) и 5 асистенти, 4 помлади асистенти и три приправници.

Денес, на Институтот за биологија се вработени 44 лица. Во наставно-научно и во соработничко звање работат: 12 редовни професори, 5 вонредни професори, 6 доценти, 1 виш научен советник, 6 асистенти и 3 помлади асистенти. Исто така, во наставата учествуваат и надворешни соработници од други институти при Факултетот, како и од други факултети. Во работата на Институтот учествуваат и 1 технички секретар, 5 лаборанти и 5 лица-помошнен пероснал од Ботаничката градина.

Во последните 10 години, шефови на Институтот за биологија биле: проф. д-р Славчо Митев (19951997), проф. д-р Мирко Спасеноски (19971999), проф. д-р Нада Митева (19992001), проф. д-р Божидарка Ѓошиќ-Марковска (20012003), проф. д-р Ленка Цветановска (20032005), поф. д-р Нада Митева (20052006), проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска (2006-).

Во изминатата деценија, со заводите раководеле: со Завод за ботаника со ботаничка градина,проф. д-р Живко Сековски (19951997), проф. д-р Џоко Кунгуловски (19971999), проф. д-р Светислав Крстиќ (19992003), доц. д-р Гордана Димеска (2003-2005), проф. д-р Љупчо Меловски (2005); со Зоолошкиот завод, проф. д-р Нада Митева (19951997) проф. д-р (1997-1999), проф. д-р Даница Рогановиќ-Зафирова (19992003), проф. д-р Нада Митева (20032005), проф. д-р Ирена Тавчиовска-Василева (20052006) и доц. д-р Сашо Панов (2006- ); со Заводот за физиологија и биохемија, проф. д-р Јорданка Димовска, (19951997), проф. д-р Божидарка Ѓошиќ-Марковска (1997-1999), проф. д-р Ицко Ѓоргоски (19992001), проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска (20012002), проф. д-р Јорданка Димовска (20022005), проф. д-р Божидарка Ѓошиќ-Марковска (20052006) и проф. д-р Ицко Ѓоргоски (2006- ).