Navigation
 

Доктор Мијалов Ристо - Вонреден професор

Роден е на 5 август 1960 г. во Радовиш. Основното образование го завршил во родното место, а средното во Пробиштип, во Рударско-геолошкото техничко училиште. Понатамошното школу­ва­ње го продолжил во Скопје, каде што се запишал на Географскиот факултет, на кој дипломирал во 1985 г. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии за просторно планирање на Институтот за географија при Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје и ги завршил во 1991 г. со просечен успех 9,00.На Институтот за географија е примен како приправник во 1988 г. По истекот на приправничкиот стаж, во 1989 г. е избран за помлад асистент, во 1992 г. за асистент, во 1995 за доцент, во 2000 г. во вонр. професор и во 2005 г. во ред. професор. Насловот на магистерскиот труд што го одбранил во 1991 г. гласи Проучување на природно-географ­ските ка­рак­­те­­ристики во општина Радовиш за потребите на просторното планирање.Во 1995 г., на Географскиот институт на Природно-математичкиот факултет во Скопје, ја одбранил докторската дисертација Природни одлики, аграрно-просторни обележја и функционална класификација на населбите во сливот на р. Струмица. Во 1995 г. е из­бран во звањето доцент по предметот географија на Азија.Во досегашната работа има објавено повеќе научно-стручни трудови. Автор е на еден универзитетски учебник, на учебници за основното и за средното образование и на две монографии. Бил учесник во 3 научноистражувачки проекти, како и раководител на еден проект. Рецензент е на повеќе книги, а учествувал на повеќе конгреси и научни советувања. Активен член е на Македонското географско друштво од кое добил плакета за особен придонес во развојот на географската наука и образование. ...