Navigation
 

Доктор Миленковски Љубе - Вонреден професор

Роден на 5 јуни 1937 г. во с. Сопот, Свети Николе, во кое го завршил своето основно образование. По завршувањето на Учителската школа во Скопје, во 1958 г., се вработил во основно учи­лиш­те каде што работел шест години. По завршувањето на Педа­гош­ката академија во Скопје група историја-географија, и по дипломирањето на Институтот за географија при Природно-матема­тичкиот факултет, во 1969 г. се запишал на постдип­ломски студии на Природно-математичкиот факултет во Белград Гру­па за географија, каде што со успех ја одбранил магистерска­та теза под наслов Бањски туризам во СР Македонија. Во 1983 г. на Географскиот факултет во Скопје ја одбранил својата докторска дисер­тација на тема Социо-географски и аг­рарни каракте­ристики на Гевгелиско-валандовската Котли­на.По завршувањето на факултетското образование работел како наставник и професор, првин во основно училиште, а потоа во Гимназијата Браќа Миладинови во Скопје. Во 1972 г. бил избран за директор на ОУ Кузман Шапкарев, на која должност останал три години, а потоа преминал на работа во Републичкиот завод за школство, како самостоен педагошки советник за наставата по географија. Од 1975 до 1985 г. бил професор по предметот географија на СФРЈ на Педагошката академија Климент Охридски во Скопје, на која бил и директор. Во 1985 г. е избран за доцент на Географскиот факултет по предметот сообраќајна географија, а во 1989 г. за вонреден професор по предметите геогра­фија на СФР Југославија и методика на наставата по географија.Во својата долгогодишна наставно-научна дејност тој секогаш беше максимално анга­жиран и постигна видни резултати. Значаен дел од неговата научноистражувачка активност беше насочен кон аграрната географија и методиката на наставата по географија.Беше вклучен и во работата на Македонското географско друштво. Почина во 1993 г. ...