Navigation
 

Д-р Мирчевска Мирјана - Доцент

Родена на 19 мај 1962 г. во Подгорица, Република Црна Гора. Во 1987 г. ги завршила додипломските студии во Заводот за етнологија при ПМФ, Скопје, и се стекнала со степен дипломиран етнолог. Во 1995 г. успешно ги завршила постдипломските студии по етнологија и антропологија на Одделението за етнологија и антропологија на Универзитетот во Белград, Република Србија, и се стекнала со степен магистер на етно-антрополошки науки, со наслов на магистерскиот труд: "Етнолошки карактеристики на Струшки Дримкол". Во 2004 г. ја одбранила докторската дисертација во Заводот за етнологија на ПМФ при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, под наслов: "Вербални и невербални етнички симболи во Горна Река". Во 1989 г. е избрана за помлад асистент во Заводот за етнологија на ПМФ при УКИМ, Скопје, во 1995 г. е избрана за асистент, во 2004 г. за доцент. Како асистент држела вежби и предавања по предметите: општа етнологија, етнологија на Европа, етнологија на воневропските народи, а во моментов држи настава по предметите: етнологија на Европа, теренска етнологија, етнологија на Македонците, историска антропологија, Македонците во светот, семиологија и симболички системи, урбана етнологија и антропологија. Главни подрачја на научен интерес ñ се: етничките симболи, етничките идентитети и идентитетите во лимитрофни подрачја, материјалната култура. Други подрачја на интерес: семејно живеење; мали етнички заедници; урбана етнологија. Доцент д-р Мирјана Мирчевска досега има објавено 22 труда, од кои 18 во Македонија и 4 во странство. Од нив, како најзначајни можат да се издвојат следниве: М. Мирчевска, Традиционаланата исхрана на населението во Струшки Дримкол до средината на XX век, Меѓународен симпозиум Традициите во исхраната на балканските народи, Банско, Струмица, Етнолог 7-8, 142-149, (1997); M. Mirčevska,Museum Piyanec - The first open air museum in the Republic of Macedonia, Балканска научно-практическа конференци® Природниÿт потенциÿл и устоичивото развитие на планинските раŸони, Природен парк Врачански Балкан, Враца, Булгариÿ, 382-388, (2001);M. Mirčevska, The Villages as Social and Economic Communities in the Region of Gorna Reka, EthnoAnthropoZoom, 3, 136-164, (2003); M. Mirčevska, Сумарен осврт на етничкиот идентитет врз основа на неколку теории, Етнологија, 3, 65-67, (2005); M. Mirčevska, Tombstones in Poreče as a Non-Verbal Ethnic Characteristics, Post-Yugoslav Life worlds, Between Tradition and Modernity, 123-133, (2005). Со свои реферати учествувала на 10 научни конференции од областа на етнологијата и антропологијата, од кои 4 во странство. Била член на Уредувачкиот одбор на стручното списание Етнолог во периодот од 1993 до 2004 г., член на Организациониот одбор на 3 научни конференции и уредник на 2 зборника со трудови од научни конференции. Има учествувано на 9 научноистражувачки проекти од кои 2 од меѓународен карактер, а 7 домашни, од кои, пак, на 2 е раководител. Досега, Мирјана Мирчевска била ментор на 12 кандидати за дипломски работи. Активен член е на Македонското етнолошко друштво и негов актуелен претседател. Активно се служи со англискиот јазик. Во 1995 г. ја има добиено наградата "Боривоје Дробњаковиќ" за најдобра магистерска работа на Одделението за етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот од Белград. ...