Navigation
 

Доктор Василевски Драган - Редовен професор

Роденна 23 април 1954 г.вос.ГорноДобреноецичевско) воработничкосемејство. Основното училиште го завршил делумно во родното село, а делумно во селата Подвис и Другово. Средно училиште (гимназија) завршил во Кичево во 1975 г., а потоа се запишал на Географскиот факултет во Скопје. Факултетот го завршил во 1979 г. како најдобар студент на годината, за што од страна на Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", добил пофалница. Во 1980 г. е избран за асистент на Географскиот факултет, каде што изведувал вежби од повеќе предмети, особено од областа на физичката географија. Во учебната 1982/83 г. се запишал на постдипломскиот студиум Географски основи на просторното планирање, каде што магистрирал во 1987 г. со магистрескиот труд под наслов "Хидрографско-хидролошки карактеристики и водостопански проблеми на котлината Дебарца". Во 1991 г. ја одбранил докторската дисертација под наслов "Радика - хидрографско - хидролошка студија".Во јуни 1992 г. е избран во звањето доцент, во 1997 г. во звањето вонреденпрофесор, а во 2002 г. е избран во звањето редовен професор, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Од изборот за доцент е ангажиран да изведува настава по предметот хидрологија, а подоцна му е доделена наставата по предметите географија на Балканскиот Полуостров (за студентите по географија) и етногеографија на Балканскиот Полуостров (за студентите по етнологија). Покрај тоа, изведува настава и по предметите физичка географија со геоекологија за студентите по биологија и геологија со хидрологија за студентите по метеорологија на Институтот за физика. Денес држи настава на последипломските студии по физичка географија и просторно планирање на Институтот за географија. Од вработувањето до денес објавил повеќе научни трудови, меѓу кои позначајни се:Површински водотеци со понорнички карактер во Република Македонија; Д. Василески, Глацијални езера на планината Стогово, Географски разгледи, 29, (1989): Д. Василески, Појава на внатрешноводен (подводен или долен) мраз на реката Пена, Годишен зборник, 31-32, 115-125, (1993): Д. Василески, Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени, Географски разгледи, 30, 71-79, (1988): Д. Василески,Типови водопади во Република Македонија според начинот на нивниот постанок, Годишен зборник, 33-34, 39-46, (1999): Д. Василески, Смоларски Водопад, 1-50, (2003): Д. Василески, Билјанин Слап, 1-84, (2004): Д. Василески, Водопадите на Ростушка Река и реката Битушница,1-66, (2005): Д. Василески,Пелистерски Езера, 1-107, (2004): Д-р Драган Василески пројавува и забележителна општествена активност. Бил член на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, член на Македонското географско друштво, член на Комисијата за вреднување на ракописи на учебници за основното и средното образование. Бил раковоител на Заводот за физичка географија, шеф на Институтот за географија (два мандата), раководител на последипломските студии по физичка географија, член на Националниот комитет за хидрологија, и член на Претседателството на Сојузот на организациите за природни, технички и општествени науки на Македонија "Науката на младите". Раководител е на постдипломски студии "Физичка географија" и на Заводот за физичка географија при Институтот, член на издавачкиот совет на ПМФ.