Navigation
 

Доктор Здравев Ѓорѓи - Редовен професор (во пензија)

Роден во Радовиш во 1941 г. Академија за применета уметност, Отсек костимографија, завршил во Белград во 1967 г. Работел како моден креатор во конфекцијата Македонка воШтип. Во 1969 г. се вработил во Институтот за фолклор во Скопје како асистент - истражувач на народната орнаментика. Во 1972 г. завршил постдипломски студии по костимографијана Факултетотза применета уметност во Белград. Во 1974 г.е избран во звањето научен соработник - истражувач на народна орнаментика воИнститутот за фолклор во Скопје. Во периодот 1974 / 1978-79 г. билв.д. директорна Институтот за фолклор "М. Цепенков" во Скопје. Во 1982 г. бил избран за доцентна Факултетот за ликовни уметности во Скопје, по предметот костимографија.Докторирална Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1992 г. Во 1992 г. бил избран во звањето виш научен соработникво Институтот за фолклор "Марко Цепенков" воСкопје. Потоа бил избран во звањето вонреден професор по предметот костимографија/историја на костимотна Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 1995 г. бил избран во звањето научен советникво Институтот за старословенска култура во Прилеп/Скопје. Во 1997 г. бил преизбран во звањето вонреден професорпо предметот костимографија / историја на костимот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 1998 г.билизбран за предавач на постдипломски студии во Заводот за етнологија на Институтот за географија при Природно-математички факултет во Скопје. Во 1999 г. еизбран за вонреден професор во Заводот за етнологија попредметите: етнологија на воневропски те народи II и етнологија на Македонците l во Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во 2004 г. за редовен професор. Во рамките на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, во 2001 г. држел семинар за етнологија (серија од 6 предавања од областа на македонската традиционална култура).Во текот на изминатиот период учествувал на повеќе републички и меѓународни научни собири од областа на истражувачката проблематика и објавил околу 80 научни трудови. Значајни трудови се: Ѓ. Здравев, Народните тантели сорки во Овчеполието, списание Македонски фолклор, 5, Скопје, 1975; Ѓ. Здравев, Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Титоввелешко, списание Македонски фолклор, XXII, 22, Скопје, 1988; Ѓ. Здравев, Македонски народни носии. Матица македонска,Скопје, 1996. Бил раководител на неколку научноистражувачки проекти и учесник во повеќе други. Од областа на научаната дејност, во 1997 г. добитник е на наградата "Гоце Делчев", како општествено признание за особени значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката, за трудот "Македонски народни носии". На уметнички план реализирал три самостојни ликовни изложби. Почнувајки од 1970 г., редовно учествувал и на сите ликовни групни изложби на ДЛУПУМ, во нашата земја и надвор од неа. Преку својата потесна специјалност - костимографијата, реализирал стотина костимографски остварувања (бројни театарски, телевизиски и неколку филмски остварувања).За уметничката дејност добитник е на наградата: "Стериина награда за костимографија" за најдобро креиран костим во претставата "Јане Задрогаз", на Стериино позорје, Нови Сад, 1975, потоа ја добилнаградата"Војдан Чернодрински" за костимографијата во претставата "Ништо без Трифолио", Прилеп, 1987, како и наградата "Бигорски следбениоци", за повеќегодишна уметничка активност од ДЛУПУМ, Скопје, 1987.