Navigation
 

Доктор Стојановиќ Милорад - Редовен професор

Роден на 24 јануари 1931 г. во Пирот, Република Србија. Основно училиште и гимназија завршил во Алексинац. Во учебната 1949/50 г. се запишал на Природно-математичкиот факултет во Белград, на Групата за геологија, каде што дипломирал во 1954 г. Во 1955 г. заминал на отслужување на воениот рок, а потоа во 1956 г. се вра­ботил во Рударско-топилничкиот басен во Бор, каде што останал до 1958 г. Во овој период почнал неговата стручна и на­учна работа и се појавиле неговите први научни публика­ции. Во 1958 г. преминал на работа во Геолошкиот завод во Скопје, каде што работел до 1981 г., како самостоен геолог-ин­же­­нер, проектант, советник, в.д. директор на Секторот за длабинско дупчење и главен инженер во Институтот за истражу­вање на минерални суровини. Во овој период постигнал полна афирмација како стручен и научен работник. Во 1979 г., на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, ја одбранил докторската дисертација под наслов Геолошки састав и тектоника терена Т. Велес планина Кле­па река Рајец (ментор: проф. Милодраг Анѓелковиќ).Во 1982 г. од Геолошкиот завод во Скопје преминал на работа на Природно-мате­ма­тичкиот факултет, Институт за географија, прво како доцент, потоа (во 1985 г.) бил избран за вонреден професор, а во 1991 г. за редовен професор по група предмети од областа на гео­ло­гијата, историската геологија и педологијата. Освен тоа, држел предавања на постдипломските студии на Земјоделскиот факултет во Скопје (група педологија) по предметот петрологија со основи на минералогијата.Проф. Милорад Стојановиќ е член на Македонското геолошко друштво и на Македонско­то географско друштво.Неговата научната работа е плодна и главно од доменот на регионалната геологија и минералните суровини. Досега има објавено 10 научни труда во странство, 25 научни труда во зем­јата и повеќе од 50 стручни трудови, елаборати, извештаи и проекти (Железарница Скоп­­је, Бучим Радовиш, Совет за истражувачки работи во рударството Скопје, Геолошки за­вод Скопје и др.), како и два универзитетски учебника: Геологија и петрографија (1991 г.) и Историска геологија (1989 г.).Во текот на своето службување студиски престојувал во Бугарија (1959 г.), Чехо­словачка (1967 г.) и СССР (1969 г.). Носител е на повеќе признанија: благодарница за пове­ќе­годишна соработка и придонес во резултатите и развојот на Геолошкиот завод во Скопје, 1979 г.; благодарница за успешна долгогодишна соработка на полето на фундаменталните и ап­ликативните геолошки истражувања Институт за истражување на минерални суровини, Гео­институт Скопје, 1994 г. и др.