Navigation
 

Магистер Апостоловска-Tошевска Билјана - Асистент

Родена на 10 јули 1971 г. во скопје. основно и средно училиште завршила во родниот град. во учебната 1990/91 г. се запишала на студии за географија на институтот за географија при природно-математичкиот факултет во скопје. дипломирала во 1994 г. со просек 9,54 и прогласена е за најдобар студент на пмф за учебната 1993/1994 г., за што има добиено и посебна награда.Во 1995 г. се запишала на постдипломски студии по просторно планирање на Институтот за географија, каде што, по положените испити во 1998 г. ја пријавила магистерската работа со наслов Состојби и перспективи на агроиндустријата во Пелагонија. Јавно ја одбранила во 2001 г., по што се здобила со академски степен магистер на географски науки, насока просторно планирање.Со одлука на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет во Скопје, одобрена ñ е изработка на докторска дисертација под наслов Влијанието на локационите фактори врз развојот на индустријата и трансформација на просторот во Средно Повардарје. На Институтот за географија како стручен соработник е вработена во 1996 г. Во 1998 г. е избрана во звањето помлад асистент, а во 2002 г. во звањето асистент. Во изминативе години работење на Институтот за географија држела вежби по повеќе предмети. Моментално држи вежби по предметите: географија на Република Македонија, географија на Европа, индустриска географија, географија на населбите, Географија на населението. Од 1995 г. до денес учествувала на повеќе научни и стручни собири во земјава и во странство. Исто така има остварено и неколку гостувања во образовни радиоемисии на Македонската радио телевизија.