Navigation
 

Магистер Димитровска Олгица - Асистент

Родена на 22 март 1970 г. во Крива Паланка. Основно образование завршила во родниот град во 1984 г., а средно образование во Скопје во 1988 г. Дипломирала на Институтот за географија при Природно-математички факултет на Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје, во 1992 г. Во 1998 г. на истиот Факултет, ја одбранила магистерската теза Географски аспекти на системот на заштита на виталните компоненти на животната средина во Кумановската и Славишката Котлина, а во 2005 г. ја одбранила докторската дисертација Влијание на географските фактори врз загадувањето на водите во сливот на река Треска - предлог мерки за заштита. Од 1996 до 1998 работела во Министерството за наука на Република Македонија како референт за издавачка дејност. Во 1998 г. е избрана за асистент, а во 2006 г. за доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет. Држела вежби по предметите: основи на географијата, географски аспекти за заштита на животната средина, хидрологија, географија на Африка, географија на природните ресурси и регионална географија. Држи настава по предметите: географски аспекти за заштита на животната средина, заштита на природното наследство. Главно подрачје на нејзиниот научен интерес е заштитата и унапредувањето на животната средина. Има објавено 11 трудови во списанија, 8 во зборници на трудови од кои 3 во странство, 2 универзитетски учебни помагала. Учествувала во 7 научни проекти, од кои 1 е меѓународен. Учествува во разни стручни и научни тела, како: член на управниот одбор на Македонското географско друштво, член на Организациониот одбор на научниот симпозиум под наслов: Руралниот простор во новите развојни услови, член на разни комисии на Институтот и на Факултетот. Добитник е на благодарница од Македонското географско друштво.