Navigation
 

Магистер Милевски Ивица - Асистент

Роден на 12 февруари 1972 г. во Куманово. Основното и средното образование ги завршил во родното место, и тоа основното во 1986 г., а средното гимназиско образование во 1990 г. По отслужувањето на воениот рок, во учебната 1991/92 г. се запишал на студии по географија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на кои што дипломирал во 1995 г. со просечен успех 9,35. Една година подоцна, во учебната 1996/97 г. се запишал на постдипломски студии на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет-отсек просторно планирање. Во мај 2001 г. успешно го одбранил магистерскиот труд под наслов Рецентна ерозија во Кумановската Котлина и нејзиниот третман во просторното планирање, и се стекнал со научниот степен магистер по географски науки. Во јуни 2006 г., на Институтот за географија ја одбранил докторската дисертација под наслов Геоморфологија на Осоговскиот планински масив, и се стекнал со титулата доктор на географски науки. Во однос на работната ангажираност на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски за стручен соработник е примен во 1996 г. Во 1999 г. е избран за помлад асистент, во 2002 г. во звањето асистент, а во 2005 г. е реизбран во истото звање. Досега изведувал вежби од повеќе физичко-географски дисциплини.Научно-стручната активност на д-р Ивица Милевски, во досегашниот период е доста плодна. Има објавено 26 труда во домашни и во странски списанија, претежно од областа на геоморфологијата, 1 универзитетски учебник и 2 практикума за интерна употреба. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми. Исто така, учесник е во повеќе проекти. Тој е добар познавач на специјализираниот компјутерски софтвер, наменет за геоморфолошки анализи: Surfer, MicroDEM, SAGA, AutoCAD Map и др. За плодната научна работа, големо значење има неговото активно користење на англискиот и на францускиот јазик.