Navigation
 

Магистер Трпески Даворин - Асистент

Роден на 21 ноември 1976 г. во Прилеп. Основно образование завршил во Кривогаштани, а гимназија во Крушево. Во 1995 г. се запишал на студии во Заводот за етнологија на ПМФ при УКИМ, Скопје, и со степен дипломиран етнолог се стекнал во 2001 г. Истата, 2001 г. се запишал на постдипломските студии во Заводот за етнологија на ПМФ при УКИМ и во 2005 г. успешно ги завршил, со што се стекнал со степен магистер на етнолошки науки, со наслов на магистерскиот труд: "Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство". Во 2001 г. е избран за помлад асистент во Заводот за етнологија, а во 2005 г. за асистент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ, Скопје. Како помлад асистент и асистент држел и држи вежби по предметите: вовед во етнологијата, историја на етнологијата во Македонија, историја на македонскиот народ, теренска етнологија со музеологија и етнолошка музеологија. Главни подрачја на научен интерес: антропологија на кибер-просторот и етнографија во мрежа; виртуелни заедници и виртуелна музејска презентација; глобализација и етничност; национализам и националистички дискурси; теории за идентитетот (по примерите на Македонија и на Балканот). Други подрачја на интерес: антропологија на ранливи и општествено-маргинализирани групи. Досега има објавено 7 труда, од кои 5 во стручни списанија и 2 труда во зборници. Шест од трудовите се објавени во Македонија, еден во странство. Исто така, самостојно има објавено и еден монографски труд и еден монографски труд како коавтор. Со свои реферати и излагања учествувал на 10 конференции од областа на етнологијата и антропологијата, од кои 6 во земјата и 4 се во странство. Од трудовите како позначајни можат се наведат следниве: Д. Трпески / D. Trpeski, Етномитовите на македонската политичка сцена / Ethno-myths on the Macedonian political scene, ЕтноАнтропоЗум / EthnoAnthropoZoom, 3, 90-100, (2003); Д. Трпески, Дивергентност на етничкиот идентитет кај Голобрдците во Албанија, Зборник, Голо Брдо, 58-62, (2005); Д. Трпески, Етнографски карактеристики на троњ од Бардовци и негова виртуелна презентација, Етнолог, 11, 160-169, (2005); D. Trpeski, Identity and ideology of one ‘Macedonian’ political party, Roaming anthropology III, Belgrade, 2006; Д.Трпески, Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство, ПМФ - Институт за етнологија и антропологија, Скопје, 2006, 1-130. Асистент м-р Даворин Трпески учествувал на 11 научноистражувачки проекти како член на тимовите за реализација на проектите. Од проектите на кои учествувал, 2 се меѓународни и 9 домашни. Досега има остварено еден студиски престој (1.4.2006 - 1.5.2006) во Одделението за проучување на историјата на Балканот при Универзитетот "Карл - Франценс" во Грац, Австрија. Активно членува и учествува во неколку стручни асоцијации, како што се: Македонското етнолошко друштво (тој е негов актуелен секретар), Македонски национален комитет на Синиот штит (исто така негов актуелен секретар), Етнолошкиот истражувачки центар - Растеш, Меѓународниот совет на музеите (ICOM), Македонската мрежа за намалување на штети. При комуникацијата се служи со англискиот јазик.