Navigation
 

орин Свемир - Пом. асистент мр.

Роден во Скопје на 4 февруари 1977 г. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во академската 1998/99 се запишал на студиите по географија (наставна група) на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 2003 г. дипломирал со успех 9,42 и е прогласен за најдобар студент на студиите по географија. По дипломирањето, образованието го продолжил на постдипломски студиипо тематска картографија на Институтот за географија при ПМФ.На Институтот за географија во периодот од октомври 2002 г. до декември 2004 г. бил ангажиран за извршување интелектуални услуги-демонстратор. За помлад асистент е избран во декември 2004 г.Држи вежби по предметите: теориска картографија, применета картографија, географски информациски системи и регионална географија.Главно подрачје на неговиот научен интере е картографијата, а друго подрачје на научен интерессе географските информациски системи.Има објавено 2 труда, и тоа по 1 во списание и во зборник на трудови, а 1 е презентиран надвор од Македонија, но сé уште не е објавен. Награден е како најдобар студент на генерацијата на Институтот за географија.