Navigation
 

Д-р Манова-ераковиќ Весна - Доцент

Родена на 10 јануари 1967 г. во с.Уларци, Кочани. Основно образование завршила во с.Чешиново, Кочани, со одличен успех. Првите две години од средното образование ги завршила во Гимназијата "Георги Димитров" во Скопје, во математичката паралелка. Потоа, од страна на Републичката заедница за образование била прогласена за најдобар ученик и средното образование го продолжила и завршила во мегународниот колеџ Lester B.Pearson College of the Pacific, во Канада. Во учебната 1985/86 се запишала на Природно-математичкиот факултет, Група за математика, насока-теориска. Дипломирала на 1.3.1991 г. со среден успех 9,28 и била прогласена за најдобар студент на математика за таа година. Во 1992 г. се запишала на постдипломските студии по математика при ПМФ во Скопје. На 23.1.1997 г. го одбранила својот магистерски труд, од областа на комплексната анализа, под наслов: "Екстремални проблеми во простори", и се стекнала со академски степен магистер по математички науки. На 18.6.2001 г., на Институтот за математика при ПМФ во Скопје, ја одбранила својата докторска дисертација под наслов: "Гранични вредности на аналитички функции и дистрибуции" и се стекнала со академски степен доктор на математички науки. Во октомври 1991 г. се вработила како стручен соработник по математика на Институтот за математика, при ПМФ во Скопје. На 27.12.1995 била избрана за помлад асистент, на 4.6.1997 била избрана за асистент, а на 28.2.2002 била избрана за наставник од областа на математичката анализа, на Институтот за математика, при ПМФ во Скопје, во звањето доцент. Како член на Институтот за математика држела предавања и вежби по околу 15 предмети на Институтот за математика, а моментално држи настава по предметите: алгебра 1 (прв дел) и алгебра 1 ( втор дел), (математика - физика), математика (биологија-хемија), математика со биостатистка ( наставна насока на Институтот за биологија), математика со биостатистика (биохемиско-физиолошка и еколошка насока на Институтот за биологија), финансиска математика (применета насока на Институтот за математика), комплексни функции (сите насоки на Институтот за математика) и споредбено образование и современи образовни системи за математика (постдипломски студии за математичко образование). Научниот интерес на д-р Весна Манова-Ераковиќ е од областа на комплексна анализа и теорија на дистрибуции. Досега има објавено 11 научни трудови, од кои 7 во списанија во Македонија, а 5 во списанија надвор од Македонија. Во продолжение е наведен списокот на пет најзначајни објавени научни трудови во последниот период: 1. Manova-Erakovik V., Distributions generated by boundary values of functions of the Nevanlina class N, Matematichki vesnik, 54, p. 133-138, (2002); 2. Manova-Erakovic V., Approximation of some regular distribution in S’(R) by finite, convex, linear combinations of Blaschke distributions, Archivum Mathematicum, 39 , p. 287-292, (2003); 3. Manova-Erakovic V., Blaschke distribution with respect to convolution, Mathematica Balkanica, New Series, 18, (2004); 4. Pandeski N., Manova-Erakovik V., Nastovski Lj., Distributional boundary values of some interpolating functions, Integral Transforms and Special Functions, Taylor & Francis, 17, p. 199-204, (2006); 5. Manova-Erakovic V., Pandeski N., Nastovski Lj., Distribution analogue of the Tumarkin result, Bulletin T.CXXXIII de l’Academie Serbe des sciences et des arts, Classe des Sciences mathematiques et naturelles Sciences mathematiques, 31, p.69-73, (2006). Со свои соопштенија учествувала на 5 научни мани­фестации, од кои 2 во Македонија и 3 во странство. Во соработка со други автори, има објавено 6 книги, од кои 2 се збирки задачи по предметите: Математичка анализа 1 (прв дел) и Математичка анализа 1 (втор дел) за студентите на ПМФ-Скопје и факултетите кадешто се изучуваат овие предмети; 2 учебника по математика за учениците од средните училишта и 2 учебни помагала за натпреварите по математика за учениците од средните училишта. Д-р Весна Манова-Ераковиќ била член на организациониот одбор на Третиот конгрес на математичарите на Македонија и е уредник на Зборникот на трудови од конгресот. Од 2004 г. е член на Уредувачкиот одбор на математичкото списание за учениците од средното образование Сигма. Има учествувано во неколку домашни научноистражувачки проекти, и е раководител на проектот: Гранични вредности на аналитички функции и дистрибуции и апроксимации во смисла на дистрибуции.Во текот на својата работа на ПМФ, била раководител на Заводот за анализа на Институтот за математика при ПМФ-Скопје. Била ментор на повеќе дипломски работи на студенти и член во комисии за оценка и одбрана на неколку магистерски и докторски тези. Од почетокот на своето вработување на ПМФ во Скопје, како член на Комисијата за задачи за натпревари по математика, активно учествувала во подготвувањето и изборот на задачи за регионални и републички натпревари по математика за ученици од средните и основните училишта, како и нивното спроведување. Била координатор на Математичката балканијада, што се одржа во Македонија. Во периодот од 1999 до 2001 била заменик - водач, а во периодот од 2004 до 2006 г. водач на македонските репрезентации кои учествуваа на Меѓународната математичка олимпијада за ученици од средното образование. Од оваа година е уредник-соработник на списанието за популаризација на математиката Нумерус.во издание на Сојузот на математичарите на Македонија. Во 2002 и во 2003 г. била водач на екипите од студенти кои учествуваа на меѓународните натпревари по математика за студенти. Во 2004 г., на нејзин предлог, овој натпревар се одржа во Македонија. Од организаторот на натпреварот "University College London" и од Институтот за математика, била потврдена за негов локален организатор. Од 2004 г., д-р Весна Манова-Ераковиќ е претседател на Сојузот на математичари на Македонија. Активно ги зборува англискиот и францускиот, а пасивно германскиот јазик. ...