Navigation
 

Доктор Малчески Ристо - Доцент

Роден на 9 август 1957 г. во Р. Србија. Основно обра­зова­ние завршил во Прилеп, а средно во Скопје. На 22.12.1980 г., како нај­добар студент во генерацијата, дипломирал на Математичкиот факултет во Скопје и за постигнатиот успех во текот на студирањето бил награден од Рек­торот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Магистри­рал на 11.6.1991 на Природ­но-математичкиот факултет во Скоп­је на тема "Субнормални оператори", а докторирал на 4.2.1998 на тема "Прилог кон теоријата на n-нормираните простори". По докторирањето, во 1999 бил из­бран за доцент од областа на матема­тичката анализа на Институтот за матема­ти­ка при Природ­но-математичкиот факултет во Скоп­је, кадешто премина од Технолошкиот факултет. Во периодот на неговата работа на ПМФ,1999-2003, реализираше настава по: математика 1 и 2 за студентите по физика, математика 2 за студентите по математика-физика, методика на наставата по мате­матика, веро­јатност, а беше ангажиран и во реализирањето на постдиплом­ските студии, како ментор. До неговото заминување од ПМФ во септември 2003г. објави 14 труда, поголем број стручни статии, учеству­ваше на научни собири, а успеа да објави и три книги, од кои книгата "Методика на наставата по математика" се користи во наставата и денес. Во периодот од 1987 до 2004 г. активно работеше во Сојузот на математичарите на Македонија, чиј претседател беше од 1999 до 2004 г.. Во овој период, учеству­ваше во организацијата на Балканските математички олимпијади, кои во на­шата држава се одржаа во 1999 и 2000 г. и на Вториот конгрес на СММ, кој се одржа во 2000 г.. Неколку години беше и главен и одговорен уредник на списанијата за популаризација на математиката "Нумерус" и "Сигма", период во кој ја формираше библиотеката на спи­санието "Сигма". Во по­веќе наврати, како заменик - водач на македонската екипа, има учествувано на меѓуна­родните и на балканските математич­ки олимпијади за ученици и во подготов­ките на екипата.Во учебната 2003/04 година премина на приватната институција Факултет за општествени науки во Скопје (сега Европ­ски универзит во Скопје), каде што беше избран за вонреден про­фесор, и на кој ги предаваше наставните дисциплини: математика за бизнис и статистика за бизнис. Од учебната 2005/06 е вонреден професор на Европ­скиот универзитет во Скопје.