Navigation
 

Д-р Томовски Живорад - Доцент

Роден е на 8 јуни 1968 г. во Тетово. Основно и средно образование завршил во родниот град. Во 1988 г. се запишал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на отсекот теориска математика. Дипломирал на 1 декември 1992 г. со среден успех 9,36. Во 1993 г. се запишал на постдипломските студии на истиот факултет, каде магистрирал во октомври 1997 г. со магистерската работа под наслов: "Класи на конвергенции на Фуриеови и Фурие-Стилтјесови редови". На 1 јули 1993 г. се вработил како помлад асистент на Катедрата за математика при Електротехничкиот Факултет во Скопје. На 31 март 1995 г. преминал на ПМФ во Скопје на Институтот за математика. На 1 мај 1998 г. е избран за асистент на ПМФ во Скопје, каде изведувал вежби по предмети од областа на математичката анализа. Неговиот научен интерес е математичката анализа со специјалностите: тригонометриска и нетригонометриска Фуриеова анализа, теорија на апроксимации, неравенства, фракционално сметање, специјални функции и редови. На 7 јули 2000 год. успешно ја одбранил докторската дисертација на ПМФ во Скопје, под наслов "Конвергенција и интеграбилност на некои класи тригонометриски редови" под менторство на проф. Д-р Сергеј Тељаковски од Стекловиот Математички институт при Руската академија на науки во Москва. Докторската дисертација во целост е објавена во познатото полско списаниеDissertationes Mathematicae, Vol.420 (2003), Варшава. Во февруари 2001 г. е избран за доцент, а во јуни 2005 за вонреден професор на Институтот за математика при ПМФ во Скопје. Како наставник изведувал, или изведува настава по предметите: математичка анализа, диференцијални равенки и комплексни функции, парцијални и интегрални равенки. До сега објавил 43 научни труда, од кои 8 во домашни, а 35 во меѓународни списанија. Од нив 28 труда се без импакт - фактор, а 7 се со импакт - фактор. Најзначајни негови пет научни труда објавени до сега се: [1] Ž. Tomovski, Convergence and integrability on some classes of trigonometric series, PH.D.thesis DISSERTATIONES MATHEMATICAE, 420 (2003), Warszawa, Poland; [2] Ž. Tomovski, Some classes of L-1 convergence of Fourier series II, Journal of Computational Analysis &Appl, (Memphis,USA), 4(1) (2002), 79-89; [3] Ž. Tomovski, Inequalities for Walsh polynomials with semimonotone and semiconvex coefficients, Journ.of Ineq. Pure & Appl. Math., 6 (2005), no.4, Article 98, 7 pp.; [4] Tibor Pogany, H.M.Srivastava, Ž. Tomovski, Some families of Mathieu a-series and Alternating Mathieu a-series, Applied Math.Comput., 173 (2006) , 69-108; [5] Tibor Pogany, Ž. Tomovski, On multiple generalized Mathieu series, Integral Transf.& Spec. Funct., 17 (4), (2006), 285-293. СпоредSCI,неговите трудови се цитирани вкупно 30 пати. Рецезент е во реномираното реферативно научно списаниеMathematical Reviews, за кое рецензирал 30 труда. Бил рецезент и на 15 научни труда во странски списанија и на 9 научни труда во домашни списанија. Презентирал вкупно 5 труда на научни манифестации во Македонија и 15 труда на научни манифестации надвор од Македонија. Често пати е повикуван како поканет предавач на повеќе универзитети во Србија, Хрватска, Русија, Полска, Германија и др. Автор е на една монографија објавена во електронското списаниеRGMIA-Monographsna следнава web страница:http://rgmia.vu.edu.au/monographs. Автор е на два универзитетски учебника. Уредник е во меѓународното списание:Advances in Applied Mathematical Analysisи во домашното списание Математика Македоника. Бил уредник, како и главен и одговорен уредник на познатото списание за средношколци СИГМА. До сега бил раководител на два домашни научни проекта и во тек е еден билатерален проект со Република Хрватска на кој е, исто така, раководител. Бил соработник на 4 други домашни научно-истражувачки проекти. Во моментов е ментор на една магистерска работа. Бил стипендист и остварил повеќе студиски престои на универзитети во странство, меѓу кои: University of People’s Friendship, Moscow (4 месеци: февруари 1999-јуни 1999); Стеклов математички институт во Москва (2 месеца: декември 1999-јануари 2000, април-мај 2002); Јагелонски универзитет во Краков (1 месец: февруари 2002), Универзитет во Загреб (2 месеца: октомври 2005 и февруари 2006) и пократки студиски престои во Германија. Се служи со 2 странски јазика: англиски и руски. ...