Navigation
 

Доктор Кера Самет - Доцент

Роден на 17 февруари 1968 г. во село Житоше - Крушево, кадешто со одличен успех го завршил основното образование. Во 1986 г. во Скопје со одличен успех го завршил средното образование во УСО "Зеф Љуш Марку". По отслу­жу­вањето на воениот рок, во 1987 год., се запишал на Природно-математичкиот факултет во Скопје (Група за математика). Студиите ги завршил во 1991 г. со средна оценка 9,1 како најдобро дипломиран студент на генерацијата на Природно-матема­тичкиот факултет. Бил студент на постдипломските студии од 1992/93 год. Предвидените испити ги положил со доста висок просек, а го подготвувал и својот магистерски труд. Се вработил во 1992 г. како помлад асистент на Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скопје (Група за математика). Држел вежби по неколку предмети за сту­дентите од групите за математика, математика-физика и информатика, како: топологија, анализа 3, диференцијална геометрија, мера, интеграл и специјални функции на Групата за информатика; математика 1, аналитичка геометрија на групата за математика - физика; математика 2 на Педагошкиот факултет и математика на Шумарскиот и на Фармацевтскиот факултет. Повеќе години бил член на Комисијата за спроведување натпревари по математика во средните училишта во Р. Македонија. Објавил 5 трудадонеговиотизборзадоцентво 2002 г. Магистрирал во 1997, а докторирал во 2001 година на тема "Пермутациски производи на многуобразија и нивна примена". По изборот за доцент држеше настава по диференцијална геометрија на студиите за математика, а подоцна беше ангажиран со настава по математика на Педагошкиот факултет во Скопје, и на Штуловиот универзитет. Од фамилијарни причини замина во Белгија.