Navigation
 

Доктор Мадевски Живко - Редовен професор (во пензија)

Роден на 12 октомври 1929 г. во Куманово. По за­вршувањето на средното образование во родното место се запишал на студии по математика на Фило­зофскиот факул­тет во Скопје и со успех ги завршил во 1954 г. По дипломирањето работел како професор по матема­тика во гимназиите во Скопје и во Гостивар. Во текот на 1956 г. бил избран за асистент на Ин­сти­тутот за математика, каде што работи сè до 1.10.1995 г., кога заминал во пензија како редовен профе­сор. Учебните години 1960/61 (делумно) и 1961/62 ги поми­нува во Безансон, Франција, како стипендист на Француската влада и на тамошниот Природ­но-математички фа­кул­тет се стекнал со сертификат од III степен по небеска механика. Во 1973 г. на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје ја одбранил сво­јата докторска дисертација "Некои методи за добивање релации меѓу елементите од еден три­аголник". Како асистент се вклучил во наставата на Институтот и водел вежби по повеќе предмети, а по изборот за наставник во 1964 г. изведувал наставата по теориска ме­ха­ника, ана­литичка геометрија, линеарна алгебра и други, а повремено гостувал како нас­тав­ник и на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје. Тој е извон­реден методичар, дидак­тичар, педагог, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за основ­ното и за средното образование. Во научноистражувачката работа неговите интересирања се насочени најнапред кон алгебрата, потоа кон небеската механика (каде што, главно, го проучува проблемот на три тела). Во геометријата посебно се интересира за геометриските неравенства, област од која е и неговата докторска дисертација. Од сите области има објавено повеќе тру­дови. Општествената ангажираност на проф. Мадевски, којашто е мошне забеле­жи­телна, и е сврзана пред сè, со неговата стручно-педагошка дејност. Тој стручно бил многу активен во Друш­твото на математичарите (бил претседател на Друштвото, пове­ќегодишен член на неговото раководство, организатор на натпревари, еден од органи­заторите и повеќепати предавач на Школата за млади математичари), Педагошкиот завод (надворешен соработник - увиди, наставни про­грами, предавач на курсеви итн.),"Просветно дело" (автор на учебници, рецен­зент и рефе­рент на повеќе учебници итн.). Забележително е и неговото учество во органите и коми­сиите на Универзитетот и Факултетот (член на Универзитетскиот совет, член и претседател на Советот на Факултетот, декан на Математичкиот факултет, директор на Математичкиот инсти­тут итн.). Бил член и претседател на Републичкиот пе­дагошки совет. За повеќегодишната работа и за општествената ангажираност добитник е на наградата "Климент Охридски", а одликуван е и со Орден на трудот со сребрен венец и со Орден на трудот со златен венец. ...