Navigation
 

Доктор Ивановски Новак - Редовен професор

Роден на 24 декември 1941 год. во c. Слепче, Прилепско. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија учел во Прилеп и во Скопје, во 1961 г. дипломирал математика на ПМФ во Скопје, во 1964 год. за неполни три години, со просечен успех 9,23, Магистрирал на ПМФ во Загреб со труд под наслов "Спектрални оператори" и докторирал во 1973 г. на Индијана- универзитетот во Блуминтон – САД, на тема "Субнормалност на операторско-тежински шифт". Бил професор по математика во гимназијата "Јосип Броз Тито" во Скопје, асистент, доцент и вонреден професор на Електро-машинскиот факултет во Скопје од 1966 до 1985. Од 1988 година е редовен професор по математичка анализа на Институтот за математика на ПМФ во Скопје.Во својата наставна работа одржувал предавања и вежби по математика на ЕМФ во Скопје. На Институтот за математика во 1977 година ги вовел предметите: анализа III (реална анализа) и функционална анализа. Одржувал долги години настава по математичка анализа 2 (1985–1995), мера, интеграл и специјални функции и одбрани делови од анализа, на магистерските студии. Настава по Анализа 3 и Функционална анализа, држел и на универзитетите во Ниш и во Приштина од 1974 – 1982 година. Сега одржува настава и по линеарна алгебра 1 и линеарна алгебра 2. Бил ментор на 3 докторски дисертации, на 10 магистерски работи и на голем број дипломски работи. Негова научна преокупација е теоријата на оператори. Има објавено 34 труда во домашни и во странски списанија. Учествувал на интернационални конференции по теорија на оператори во земјата и во странство. Бил раководител на 3 научни проекта од областа на функционалната анализа – теорија на оператори. Автор е на книгите: Математичка анализа I, Скопје 1981; Математика III (коавтор); Реална анализа, Просветно дело 1997; Решени задачи по анализа III, Скопје 1996; Ортогонални полиноми и специјални функции (коавтор); учебник – монографија Функционална анализа, ПМФ 2003 година, прв ракопис за магистерски студии. Две учебни години водел математички семинар од областа на анлизата од што произлезе книгата Задачи од анализа, Скопје 2002. Последните 8 години учествува во подготвувањето на студенти за учество на меѓународни студентски математички натпревари и под негово водство се постигнати солидни резултати. Последните 4 години бил Претседател на Издавачкиот совет на ПМФ, во кој период се издадени 25 наслови. Бил продекан за финансии на математички факултет (1980 – 1982), шеф на Институтот за математика три мандата (1987 – 1989, 1989 -1991 и 1999–2001 година) повеќе пати раководител на Заводот за анализа и на Заводот за применета математика. Член е на Американското математичко друштво и на Друштвото на математичарите на Р. Македонија. ...