Navigation
 

Доктор Димитровски Драган - Редовен професор (во пензија)

Роден во Скопје во 1934 г. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 г., а докторирал во 1968 г. на тема "Прилог кон теори­јата на обоп­ште­ните аналитички функции". За асистент на ПМФ е избран во 1960 г. Доцент станал во 1968, вонреден професор од 1973, а редовен професор од 1981 г. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 г. како и шеф на Ин­ститутот за математика (од 1993 до 1997 г.). Во својата 43-годишна наставна кариера држел преда­вања и вежби по 14 предмети, буквално на сите шест инсти­тути на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одр­жувал настава и по три предмети на постдипломските сту­дии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за био­лози, математика за географи, парцијал­ни равенки. Офор­мил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дип­ломци - професори по математика и информатика.Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друш­твото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од ком­плексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални науч­ни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обоп­штените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, инте­грал­ни. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усо­вр­шување. Во подолг период (1993-1997) ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот. Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет. ...