Д-р Шекутковски Никита - Редовен професор

Д-р Никита ШЕКУТКОВСКИ, редовен професор, е роден во Скопје на 19 септември 1956 година. Основно и средно училиште завршил во Скопје. Во текот на школувањето освоил повеќе први места на републичките и на градските натпревари по математика. Во учебната 1975/76 ги започнал студиите по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломирал во 1979 г.. со одличен успех. На 1.3.1980 се вработил на тогашниот Математички факултет.

Магистрирал во Скопје, во 1983, со магистерскиот труд "Алгебарски инваријанти во теоријата на права хомотопија". Докторската дисертација со наслов "Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облик" ја одбранил на 12.7.1986 на Свеучилиштето во Загреб. Ментор на магистерската работа и докторската дисертација бил д-р С. Мардешиќ, професор емеритус на Универзитетот во Загреб и академик на ЈАЗУ / ХАЗУ.

Во 1987 е избран за доцент, во 1993 за вонреден професор и во 1998 за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Раководител на Институтот за математика на Природно-математичкиот факултет во периодот 1997 -1999 и 2005 - 2007 . Во периодот 2001-2003 беше раководител на Заводот за применета математика, а од 2007 - 2009 беше раководител на Заводот за Топологја. Од 15.09.2009 е раководител на Институтот за математика.

Област на истражување: Топологија, посебно теорија на облици, кохерентност. права хомотопија, краеви, и во последните години внатрешмиот приод во теорија на облици и динамички системи. Избор на трудови од досега објавените 34 труда:
- Coherent category of inverse sequences is a subcategory of the category of coherent inverse systems, Macedonian Academy of Sciences, Contributions X (1989) 5-19,
- Equivalence of coherent theories, Topology Appl. 75 (1997) 113-123,
- From inverse to coherent systems, Topology Appl.113 (2001), 293-307,
- Shift and coherent shift in inverse systems, Topology Appl. Vol. 140, Issue 1 (2004), 111-130,
- Ends and quasicomponents, Central European Journal of Mathematics, Volume 8, number 6 (2010),
- Intrinsic definition of strong shape for compact metric spaces, Topology Proceedings, 38 (2011).

Учествувал со свои предавања на специјализирани научни конференции по топологија во Италија, Шпанија, Јапонија, Полска, САД , Хрватска, . Одржал предавања по покана на Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Мадрид, и на Коференцијата по Геометриска топологија одржана во Полска посветена на 100 години од раѓањето на К. Борсук. Последни негови учества на конференција и гостувања:
• 2007 предавање по покана од Бугарската Академија на науките на Конференцијата по повод 60 години од Институтот за математика и информатика на БАН
• 2008 поканет гостин на 12. конгрес на српските математичри, Нови Сад
• 2009 предавање по покана на Тополошкиот семинар на Универзитетот во Загреб
• 2009 учество на Пролетната конференцијата по Топологија и динамички системи на Универзитетот на Флорида, 7-11.03.2009
• учество на 26-та Летна Тополошка коференција на Универзитетот во Киелце, Полска, 20-25.07.2010

Уредник на Зборници:
- First international conference on topology and its aplications, ICTA2000, Ohrid, September 2-9, Top. Appl. Vol. 140, Issue 1 (2004) (Guest editors: J.E. Keesling, Yu.T. Lisica, J.M.R. Sanjurjo, N. Shekutkovski )
- Second international conference on topology and its aplications, ICTA2004, Skopje, September 1-4, Top. Appl. Vol. 158, Issue 2 (2011) (Guest editors: J.E. Keesling, Yu.T. Lisica, J.M.R. Sanjurjo, N. Shekutkovski )
- Четврти Конгрес на математичарите на Македонија, Струга, 18-22,10.2008 (Н. Шекутковски, главен и одговорен уредник)
Во изминатите години бил раководител на неколку научноистражувачки проекти со поголем број на млади учесници. Раководител е од македонска страна на тековниот македонско-хрватски научен проект Фундирање на теоријата на облици.
Под негово менторство се одбранети три (3) докторски дисертации и осум (8) магистерски труда. Два од неговите магистранти предаваат на универзитети во САД. Од 2001 г. до сега е главен и одговорен уредник на списанието Годишен зборник на Институтот за математика.

Универзитетски учебници:
1) МАТЕМАТИЧКА АНАЛИЗА 1, Просветно дело, Скопје, 2008 (второ издание)
2) РЕДОВИ И АНАЛИТИЧКИ ФУНКЦИИ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2002
3) ТОПОЛОГИЈА, ПМФ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје 2002

Од 2006 , е главен и одговорен уредник на списанието за популаризација на математиката Нумерус.во издание на Сојузот на математичарите на Македонија. Автор е на повеќе стручни трудови.

Научни трудови
Стручни трудови